ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасевска: Дигитална трансформација на високото образование во чекор со дигиталните побарувања на компаниите

April 27, 2023 13:29
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Дали ние како држава сме подготвени во овој момент да пружиме студиски програми кои ќе бидат дигитализирани и имаме млади кадри кои ќе бидат квалификувани со базични вештини во чекор со дигиталната трансформација и барањата на компаниите. Со брзата дигитализација на општеството, многу е веројатно дека за неколку години нашите компании ќе бидат целосно дигитализирани, а ние како образовни институции ќе треба да ги подготвиме младите студенти кои дипломираат за пазарот на трудот и понатамошното градење на професионална кариера, во чекор со оваа дигитална трансформација”, истакнува проректорката за настава на УКИМ и професор на ФЕИТ, Христина Спасевска во своето обраќање на панелот „Заинтересирани страни наспроти носители на одлуки“ на DigiU Форум, којшто се одржува денеска во организација на Форумот за образовни промени.

Во процесот на дигиталната трансформација, фокусот мора да биде, пред сѐ на дигитализација на образованието, за што министерот за информатичко општество и администрација Алиу, заменик министерот за образование Нухиу и ректорите на универзитетите во Штип и Тетово како панелисти, се согласија дека е долг но потребен за нашата земја. Поедноставување на комуникацијата помеѓу студентите и професорите и студентите и административните служби на универзитетите, како и достапност до светска литература и предавачи кои благодарение на дигитализацијата ќе бидат достапни за студентите и професорите.

„Најважно е нашите универзитети своите програми да ги подготват за реално вклучување на студентите во дигиталниот процес. Има уште многу работа на УКИМ во овој процес, за што од особено значење ќе биде поддршката на министерството за образование и наука и министерството за информатичко општество и администрација. Потребни се голем број софтверски алатки кои се лиценцирани и треба допрва да се развијат. УКИМ има капацитет и подготвеност да ја забрза оваа дигитална трансформација, ќе подготвиме квалитетни проекти кои ќе бидат финансиски издржани со акциски план за целосна дигитализација на нашите студиски програми и е-индекс системот. Со овие проекти ќе бараме средства од МОН, но и од меѓународните финансиски програми”, дополнува Спасевска.

Форумот DigiU е иницијатива која започна во јануари 2023 година, како процес на креирање фронт помеѓу државните универзитети и студентските собранија, а со цел препознавање на потенцијалите за дигитална трансформација на високото образование во земјата и воедно забрзување на овој процес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: образованиеСпасевска
Next Post

1 мај, Ден на трудот, неработен за сите граѓани

НАЈНОВО

Излезеноста до 9 часот во трите општини од Североистокот е 5 проценти

October 19, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата Лав XIV прогласува седум нови светци на Католичката црква

October 19, 2025
Скриншот

Мадуро: Ја завршивме изградбата на сите зони за целосна одбрана на земјата

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk