Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Б.(39) од скопското село Арачиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност”.
Како што соопшти МВР, на 9 декември 2022 година пријавениот ја употребил личната карта на брат му и се обидел да доведе во заблуда вработен во финансиско друштво и на тој начин да подигне кредит во негово име. Лицето не успеало во намерата и по преземени мерки му е поднесена пријавата.