Во сообраќајните контроли спроведени вчера од Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции и 10 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се и пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.