На ул.„Перо Наков“ во Скопје вчера во 17 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода А.А.(32) од Скопје.
Како што денеска информираа од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.