Трикратниот БМУ шампион, Христијан Бузалковски, вчеравечер пред неговата публика го промовираше новиот мотор и ја најави новата сезона.
Тој во новата сезона ќе се натпреварува во класата до 1000 кубни сантиметри, што за него и неговиот тим „71 Team” ќе биде ново и поразлично искуство од досегашните натпреварувања.
Новиот мотор располага со 200 коњски сили и правен е по спецификацијата Superstock 1000, што значи дека има промена во електрониката, суспензијата, предната кочница и преносот.
Бузалковски во новата сезона ќе биде дел од FIM Europe шампионатот во класата Superstock 1000, БМУ Европскиот шампионат и Алпе Адриа интернационалниот шампионат. Од мај до септември го очекуваат 24 трки, густ распоред и многу патувања низ земјите на Источна и Централна Европа.