После подолга музичка пауза, денес во етерот е пуштен новиот сингл на Кристина Арнаудова, „Засекогаш“.
Песната е напишана од Весна Малинова, а аранжманот и продукцијата е на Роберт Билбилов.
Во исто време денес е пуштен во етер и видео записот за песната, во режија и продукција на Александар Ристовски Принц.
Од пред 10 дена исто така, целиот снимен материјал и сите албуми, на Кристина , можат да се најдат, слушаат и стримуваат на сите музички дигитални платформи, а за таа намена, таа потпиша договор со Virginia Records, како нејзини издавачи за дигитални платформи.
Во промотивни цели, исто така е изработена и фотосесија, со фотографот Стефан Соколовски, која можете да ја најдете целосно на нејзиниот инстаграм профил. Со оглед на тоа што фб страницата и е хакирана минатата година и не е во нејзино владение, промоцијативните активности ги објавува само на инстаграм профилот, со надеж дека наскоро сепак ќе успее да и биде вратен.
Кристина, вели дека оваа песна е она што успеало да ја врати во студио, бидејќи, е песна, која морала да биде отпеана, и едноставно неможела да ја одбие и да ја врати.
Како и до сега, примарна работа за Кристина, останува нејзиното хуманитарно здружение ,,Проект Среќа,, каде последниве 7 години го посветува најголемиот дел од своето време и енергија.