ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска во Вејце оддаде почит за загинатите бранители во 2001

April 28, 2023 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, придружувана од претставници на Армија, како и Стојанче Ангелов од партијата Достоинство, денеска беше во тетовското село Вејце за да оддаде почит на местото каде во 2001 година животите ги загубија осум припадници на безбедносните сили.

Беше положено цвеќе на местото Брезовица, каде се случил масакрот врз полицајците и припадниците на Армијата.

– Во знак на заедничко разбирање и меѓусебно почитување, сакајќи на достоинствен начин да им се оддолжиме за нивната пожртвуваност и храброст, поднесов иницијатива за подигање на спомен обележје во чест на загинатите на ова место. Вечна им слава. Во чест и сеќавање на припадниците на македонската армија и полиција кои на ова место близу с. Вејце ги загубија своите животи. Овие настани од минатото не треба и не смее да не разделуваат, напротив тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат, порача министерката Славјанка Петровска.

Стојанче Ангелов потсети дека по настанот го посетил местото, а веќе неколку години доаѓа за да им оддаде почит на загинатите бранители.

– Дваесет и две години подоцна, букети свежо цвеќе и осум запалени свеќи во чест и помен на осумтемина загинати македонски херои, четворица од армиските Волци и четворица од Посебните полициски единици, убиени додека ја бранеа татковината, Република Македонија, на 28 април 2001-та, во крвавата заседа кај село Вејце. Наредниот ден како старешина во посебните полициски единици дојдов тука на самото место и ја затекнав сцената која остана по нивното убивање. Сликите беа ужасни, нешто што не може да се избрише од главата на сите оние припадници на безбедносните сили што бевме овде. Во чест на нашите браќа по оружје, храбри македонски бранители делегација на Достоинство доаѓа овде на овој камен каде палиме свеќа и цвеќе, истакна Стојанче Ангелов. ас/цр

Фото: фејсбук Славјанка Петровска и Стојанче Ангелов.

Tags: ВејцеМОПетровска
Next Post

(ВИДЕО) Продолжува рускиот ракетен терор во Украина, убиени мајка и 3-годишно дете

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk