ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитриевски: Наскоро започнуваме со реконструкција на Соколана, работиме на документација за изградба на нов Зелен пазар

May 3, 2023 10:30
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

“Завршена е тендерската постапка за засилување на статиката и промена на кровниот покривач на Соколана. Веќе е добиена и градежната дозвола и мислам дека до крајот на овој месец изведувачот на активностите ќе биде воведен во работа за да продолжиме со работа на Соколана. Претходно обезбедивме средства од околу 9 милиони денари коишто ни беа дадени со одлука на Влада, а потоа истите беа одземени. Токму затоа, оваа инвестиција ќе оди на сметка од општинскиот буџет”, вели градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски на брифинг за медиумите.

За Димитриевски реконструкцијата на Соколана е проект од значење не само за општината, туку и од особено значење на државата како објект под заштита на државата, за што очекува Владата во иднина да ја преиспита оваа одлука и обезбеди дополнителни средства со коишто ќе се помогне во реконструкција на истиот.

“Ние имаме обезбедено околу 8 милиони денари буџет, нешто приближно колку што беше обезбедено и од Владата, износ којшто ни беше доделен од страна на Владата, а потоа беше повлечен со образложение дека не сме го изреализирале тој износ, а во меѓувреме изработивме проект за којшто чекавме повеќе од година дена за добивање согласност и конзерваторско мислење. Од моментот кога ги обезбедивме сите согласности и требаше да ни биде дадена дозвола бидејќи станува збор за објект под заштита на државата, беше донесена дозволата од министерството за транспорт и врски, а веднаш потоа експресно укината. Реагиравме до министерството на што ни образложија што дополнително треба да обезбедиме како документација и конечно пред седум дена ја добивме дозволата”, дополнува тој.

Општина Куманово планира нов современ градски пазар на локација на Зелениот пазар во градот, со што Димитриевски ги демантираше шпекулациите пласирани во јавноста дека ќе се урива градскиот пазар и на оваа локација ќе се гради станбено деловен центар, дезинформација која изминатите денови се користи за манипулирање со граѓаните од Куманово.

“Како општина би сакале да изградиме современ пазар, модерен пазар, но без содржини за домување и истиот би имал подземно паркирање по примерот на 1 Мај Куманово и дополнителни содржини, модерни тезги, отворен Зелен пазар, затворен дел на пазарот и сето тоа како што доликува на нашиот град. Ние сме во фаза на изготвување на идејно решение за изградба на современ градски пазар на локацијата на зелениот пазар. Во тек е процес за затворање на постапките за стекнување со сопственост на земјиштето, процес којшто не бил претходно завршен од ниту еден менаџер на јавното претпријатие или пак од општината, а потоа ќе пристапиме кон конечно изготвување на реално решение согласно важечката урбанистичка планска документација на оваа локација, којашто не предвидува зграда или станбен комплекс”, категорично тврди градоначалникот Димитриевски.

Tags: ДимитриевскиКуманово
Next Post

Кочоски: Состојбата во областа на безбедноста на работниците не е идеална, но има огромен напредок

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk