На европскиот турнир „ОЛИМПИК ОПЕН 2023„ кој се одржа во Скопје на 29.04.2023 год. Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА настапи со 30 натпреварувачи во 42 категории и се закити со : 3 златни медалји ,4 сребрени медалји , 14 бронзени медалји и пехар. На овај натпревар учествуваа 900 натпреварувачи од 12 држави од Европа . Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА беше најмасовен клуб и го освои пехарот за најмасовен настап како и 3 пехари за прво освоени злата во ката тим. На овај исклучителен турнир со златен медал се закитија:
Николај Петковски, Теофан Ивановски и Лука Гиланов во ката тим 2015/2016 М., Емилија Илковска, Елена Јончевска и Леона Алиловска ката тим 2009/2010 Ж, Александар Божиновски, Давид Стојчевски и Михаил Марковски ката тим 2009/2010М. Со сребрен медал се закитија: Николај Петковски во апсолутна категорија 2016 год., Надалина Талевска 2010год, трето ниво, Николај Петковски, Магдалена Попчевска и Свидерски Божидар 2015/2016 ката тим М, со бронзен медал се закитија : Николај Петковски, Јована Јованович и Бојана Бошков ката тим 2015/2016 Ж, Николај Петковски, Магдалена Попчевска и Наталија Попчевска ката тим 2015/2016 Ж, Ива Трајковски Елена Белџигеровска и Стефан Тодоровски ката тим 2013/2014 Ж , Ива Трајковски , Виктор Ристевски и Каја Темелковска ката тим 2012/2011 Ж, Николај Петковски, Белџигеровска Елена и Николај Ивановски ката тим 2013/2014 М, Наталија Попчевска 2016 женски апсолутна, Магдалена Попчевска 2016 женски апсолутна , Јована Јованович 2016 женски апсолутна , Николај Петковски 2015 год. апсолутна машки, Виктор Ристевски машки второ ниво2012 год, Каја Темелковска женски 2012 год., Надалина Талевска 2010 женски второ ниво, Александар Божиновски 2009 год.машки апсолутна, Маргарита Велјановска, Јасна Дунгов и Надалина Талевска ката тим 2010/2011 Ж и Давид Стојчевски, Леона Алиловска и Надалина Талевска ката тим Ж кадети/јуниори
Радоста на овај успех може да се доживее само на татами. Горда сум како тренер бидеќи ова е голем успех не само за К. К. „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА туку и за Битола бидеќи градот на конзулите беше присутен во секоја категорија на пиедестал. Некогаш каратето во Битола умираше а сега Битола е рамноправен противник на европските клубови.
На 14 мај клубот ќе настапи на Балканскиот турнир ОХРИД ОПЕН на кој очекуваме уште подобар резултат.