Според некои истражувања спроведени од меѓународни истражувачки куќи, Црна Гора го дели третото и четвртото место со Србија по бројот на издадени дозволи за оружје на граѓани во светот, зад САД и Јемен, изјави утрово за ТВ Вијести црногорскиот министер без ресор и експерт за безбедност Зоран Миљаниќ. – Ако тоа не е предупредување, тогаш не знам што е, потенцираше министерот.
Тој рече дека 52.340 граѓани во Црна Гора имаат легални дозволи за држење оружје. „Според некои истражувања направени од странски компании, во Црна Гора веројатно има меѓу 40 и 80 илјади илегани парчиња оружје, додаде тој.
Најголем проблем во Црна Гора, како што рече, се „врските и протекцијата“, односно „што некој што не е во добра здравствена состојба“ може да добие дозвола за поседување оружје.
– Растот на врсничкото насилство, како и ескалацијата на насилството на улиците е сериозен проблем кој бара системско решение, бидејќи државата е должна на граѓаните да им обезбеди мир и безбедност, потенцира експертот за безбедност.
„Можеби не размислувале така во Србија, па дојде до ова што дојде“, рече тој, мислејќи на вчерашното пукање во белградско училиште, во кое ученик од седмо одделение е осомничен за убиство на осум ученици и еден чувар. .
– Мораме сериозно да го сфатиме врсничкото насилство како цело општество и мора да преземеме мерки за да спречиме ескалација“, посочи Миљаниќ.
Според него, единствено решение е да се зајакнат регионите на позорникарите, во кои спаѓаат не само училиштата, туку цели градски населби.
Полицајците- позорникари порано беа многу ефикасни, брзо добиваат информации, но и влеваат страв кај деликвентите. Ако нема доволно полицајци за секое училиште, позорникарите би биле преодно решение“, смета тој.