Ерлинг Халанд го постави рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона во Премиер лигата.
Напаѓачот на Манчестер сити, го погоди голот на Вест Хем во 70. минута (3:0) од презакажаниот натпревар од 28. коло.
Вкупно 22-годишниот Норвежанец има 35 првенствени голови. Тој ги надмина Енди Кол (1993/94) и Алан Ширер (1994/95), кои постигнаа 34 голови во лигата.
Последниот играч кој постигнал повеќе голови во една сезона во првата лига на Англија е Рон Дејвис, постигнувајќи 37 голови во 1966/67 година.