Пари Сен-Жермен е во контакт со Жозе Мурињо за можна идна соработка.
Според „RMC Sport“, спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, разговарал со Жорге Мендеш, агентот на тренерот, за договор ова лето. Преговорите се во напредна фаза.
Самиот Мурињо е свесен дека ќе биде тешко да се постигне посериозен успех во Рома и е подготвен да го напушти италијанскиот клуб за неколку екипи, меѓу кои и ПСЖ и Реал Мадрид.
Шеесетгодишниот Португалец е миленик на Кампос, се познаваат долго време. Воедно, се уште не е јасно што мислат за оваа кандидатура катарските сопственици на ПСЖ, кои неодамна меѓу себе разговараа за назначувањето на Тиаго Мота и Јулијан Нагелсман на тренерската позиција.