ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Им дал 20.000 евра, а бара да му вратат 120.000 евра

Откако оштетениот не можел навреме да го врати заемот, тој обвинет од септември 2019 година до 18 ноември 2019 година употребувал сериозни закани кон него и кон неговата мајка за да ги принуди да му дадат вкупни парични средства во износ од 120.000 евра.

February 13, 2020 10:54
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело Изнуда од член 258 став 1, како и обвинителен предлог против друго лице кое се товари за кривично дело лихварство од член 260 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, второобвинетиот на возраст од 25 години, на почетокот на 2019 година му дал услуга на едно оштетено лице, при што за себе договорил несразмерна имотна корист. Притоа, обвинетиот ја искористил тешката имотна состојба, недоволното искуство и лекомисленоста на сведокот-оштетен, па му позајмил 20.000 евра со каматна стапка од 10 отсто на месечно ниво. Парите на оштетениот му биле потребни за да намири семејни долгови на неговиот татко.

Посредник за зајмувањето и примањето на парите бил првиот обвинет, лице на возраст од 28 години. Откако оштетениот не можел навреме да го врати заемот, тој обвинет од септември 2019 година до 18 ноември 2019 година употребувал сериозни закани кон него и кон неговата мајка за да ги принуди да му дадат вкупни парични средства во износ од 120.000 евра. Исплашена за животот на нејзиниот син, мајката се сретнала со првиот обвинет во кафуле во еден трговски центар во Скопје и му предала 60.000 денари. Откако ги зел парите, тој веднаш бил лишен од слобода од страна на полициските службеници, посочуваат од Јавното обвинителство.

До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет за кого постои опасност од бегство, но и оправдан страв дека тој би можел да го повтори делото, со оглед на тоа што неговите односи со оштетените се уште не се расчистени, а тој и во неговиот исказ пред јавен обвинител продолжил да инсистира оштетените да ги вратат парите со лихварска камата.

За вториот обвинет на сила се претходно определените мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната или друга исправа за поминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и забрана за приближување и одржување контакт со оштетените, стои во соопштението.

Next Post

Меморијален марш за настраданите во Ласкарци

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk