ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Со „Триумфалниот марш“ од Вердиевата „Аида“ и палење на фестивалскиот оган отворени 51. Мајски оперски вечери

May 10, 2023 10:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Министерство за култура

Фото: Министерство за култура

Share on FacebookShare on Twitter

Со звуците на „Триумфалниот марш“ од Вердиевата „Аида“ и со палењето на фестивалскиот оган, кој го запали маестро Томислав Шопов, во Националната опера и балет (НОБ) вчера свечено беа отворени меѓународните 51. Мајски оперски вечери. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на отворањето  на манифестацијата, премиерната изведба на операта „Набуко“ од Џузепе Верди ја поврза со 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа.

-Библиската старозаветна приказна за покорените и протерани Евреи од својата татковина и силината на музиката на „Набуко“ се како копнеж, крик на сите народи за слобода и обединување во траен мир зашто Набуко не е единствениот низ историјата кој безразумно урива, поробува и убива. За жал, такви ликови имало и ги има и ним уметноста никогаш не им била на срце. За среќа, не ѝ се ни тие на срце на уметноста, рече Костадиновска-Стојчевска.

Музичките критичари, додаде, за „Набуко“ ќе напишат дека изведбата на оваа опера можат да си ја дозволат само оперските куќи кои располагаат со вистинска вокална моќ.

-Нашата Опера и балет ја има таа моќ на која ќе сведочиме и вечерва благодарение на сите оние што ја основаа, ја подигнаа и ја издигнаа во врвна национална установа. Им благодарам и на сите режисери, диригенти, костимографи и сценографи кои дојдоа и доаѓаа како странски гости, а си заминаа со чувство како да си одат од дома, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Годинава фестивалот е во знакот на одбележувањето на 210-годишнината од раѓањето на Џузепе Верди, а „Набуко“ во НОБ ја постави екипа од Италија. Диригент беше Даниеле Аџиман, режисер Ренато Бонајуто, а како солисти настапија Марјан Јованоски, Абигале Злата Тошевска, Игор Дурловски и други, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет, женскиот балетски ансамбл и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

На „Мајските оперски вечери“, кои ќе траат до 31 мај, ќе бидат изведени и балетот „Лебедово езеро“ од Чајковски, операта „Кармен“ од Жорж Бизе, „Травијата“ од Верди. Јубилејот 210 години од раѓањето на големиот композитор Џузепе Верди ќе биде одбележан со изведба на едно од најмоќните и најдраматични дела во историјата на класичната музика, „Реквием“, каде што ќе свири оркестарот на Филхармонијата, а ќе настапи и хорот од НОБ.

Педесет и првото издание на „Мајските оперски вечери“ ќе биде затворено на 31 мај со изведба на Вердиевата „Аида“.

Tags: MOББисера Remove term: Костадиновска Стојчевска Костадиновска Стојчевскаотворање
Next Post

Почина петмесечно бебе во Грција откако таткото го заборавил во автомобилот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk