ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски одговори зошто законите за Коридорите се разгледуваат на Комисијата за европски прашања

May 11, 2023 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед на тоа дека овие, како и низа други закони беа блокирани во Собранието, а имаат за цел унапредување на различни делови во нашето општество, беше одлучено  да одат на Комисијата за европски прашања, која обезбедува нивно побрзо усвојување и побрзо работење на терен. На граѓаните им се потребни коридори, а не дневно политички препукувања, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на прашањето за означувањето со европско знаменце на законските измени поврзани со коридорите 8 и 10д.

Како што напомена, станува збор за стратешки и европски поврзани коридори, и затоа Парламентот вчера одлучи овие закони да се разгледуваат на Комисијата за европски прашања.

-Станува збор за два исклучително важни коридора, но и за други стратешки инвестициски проекти кои се прават или ќе се прават во државата, во делот на патната, железничката или енергетската инфраструктура. Владата поднесе пет измени на закони, односно усогласувања, за да се овозможи побрза и поефикасна градба, но и градба со финансиска конструкција која ќе биде пониска од она што е со постојаната регулатива, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање,  по почетокот на градежните работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ- Штип.

Ковачевски потенцираше дека европската агенда е единствена агенда на оваа Влада во однос на прашањата поврзани со интеграциите на државата.

-Во нашиот Парламент постојат политички партии кои се против зачленувањето на државата во ЕУ, против зачленувањето во НАТО, пред се, тука преднички партијата Левица, но тие во своето заложништво ја имаат земено партијата ВМРО-ДПМНЕ, која следи интереси кои се спротивни на националните. Но исто така, и заради тоа што се работи за стратешки и европски поврзани коридори, Парламентот вчера одлучи овие закони да се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, додаде Ковачевски.

Тој повтори дека  изградбата на автопатите на Коридорот 8 и на Коридорот 10д е најголемиот стратешки проект во историјата на нашата држава со којшто ќе се градат 110 километри автопат. После децении и децении немање автопат кон Албанија и експресен пат кон Бугарија кој што веќе се прави, се овозможува државата да биде поврзана со Коридорот 8. Инаку, Коридорот 8 до сега никогаш не беше на мапата на паневропските коридори и благодарение на Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија, веќе овој месец нашиот министер за транспорт и врски во Брисел ќе го потпише меморандумот во однос на ставањето на коридорот 8 на мапата на паневропските коридори, како што е коридорот 10 и единствен коридор во државата кој што ние до сега го имаме, рече Ковачевски.

Tags: ЗакониКовачевскиКоридори
Next Post

Руската пропаганда ги засилува лажните наративи за намерата на Полска да присвои делови од Украина

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk