Американскиот бизнисмен Џорџ Сорос се огласи на Твитер, демантирајќи ги гласините дека починал, кои почнаа синоќа да се шират на оваа социјална мрежа.
Гласините дека 92-годишниот милијардер починал започна на страницата Politics For All Ireland, која подоцна го отстрани спорниот твит.
Твитот, во меѓувреме, стана вирален, но неговиот портпарол ја демантираше веста за неговата смрт за MailOnline, а самиот Сорос се огласи на Твитер.
Гласините дека имав срцев удар се целосно лажни. Жив и здрав сум, напиша тој.
Rumors that I had a heart attack are completely false. I am alive and healthy.
— George Soros (@georgesoros) May 15, 2023
Сорос неколку пати на интернет беше „прогласуван за мртов“.
Г. Т.