Националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски, во обраќањето на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода,истакна дека нашата земја води активно учество за подобрување на Европа и целиот свет.
Демократијата и човековите права не се остваруваат еднаш и засекогаш. За жал кај нас имаме етнонационалистички политики кои го нарушуваат соживотот, рече Алаѓозовски.
Тој нагласи дека во институциите вложуваме средстава за подобрување на мултикултурализмот. Особено во образованието, културата и младите.
Ова конференција е пример за граѓанско учество.
Сите извештаи покажуваат напредок, но се уште имаме предизвици со сегрегацијата во училиштата. Централна и локалната власт треба заеднички да соработуваат и да ја отстранат сегрегацијата“, рече Алаѓозовски.
Ние во Владата инсистираме сите институции, посебно оние задолжени за остварување на правта за заедниците, да работат и да функционираат посветено и на оваа тема да ги користат домашните и меѓународните добрип рактики.
Во таа насока владата обезбедува и наменски фондови. И преку министертвото за политички систем и преку министерството за обрование и Бирото за унапредување на образованието посебен акцент ставаме на реализирање на плнот за унапрддување на мултикултурализмот, обаласт во која направивме значителен напредок.
Притоа, нагласи Алаѓозовски, ги промивираме и клучните сегменти од европкиот модел на интеркултурен дијалог и тоа е вградено и вовладината стратегија за муликултурализам.
Воедно, ги имплементираме и насоките соджани во „Агенда 2023“ на ООН каде што се лоцирани предизвиците и за нашите развојни стратегии, а сето во насока на унапрдување на интеретничката интеграција на чија реализација интензивно работиме а особено во училиштата.
М. Д. / Цивил Медиа