ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Започна едукативна антикорупциска кампања „Бидете херои на чесноста”

May 16, 2023 15:41
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Бидете херои на чесноста” е слоганот на едукативна антикорупциска кампања, која ги охрабрува учениците од основните училишта да станат херои на чесноста промовирајќи интегритет, транспарентност и одговорност во општеството.

Првиот настан од кампањата се оржа во основното училиште „Петар Поп Арсов” во општина Карпош, во која учествуваа 120 ученици од седмо до деветто одделение. Настанот започна со интерактивен разговор на учениците со познатиот актер Игор Ангелов, во својство на водител/модератор на едукативното предавање, според сценарио, на Елеонора Венинова, истакната македонска режисерка и сценаристка. За време на настанот беа прогласени и 10-те победници од конкурсот за есеи на тема корупција со што им се даде признание на учниците и ученичките за нивните исклучителни напори во промовирањето на антикорупциските вредности.

„Како наставници, имаме одговорност да ја негуваме следната генерација со вредности на чесност, правичност и етичко однесување. Дозволете ни да послужиме како пример и да ги инспирираме нашите ученици да изберат интегритет.”, изјави директорката на училиштето, Даниела Штеријова.

„Интегритетот е компасот што нé води кон праведно и правично општество. Да се обединиме во нашата посветеност за борба против корупцијата и негување култура на транспарентност и одговорност”, истакна Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување корупција.

Оваа кампања на Државната комисија за спречување на корупција, е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС а е финансирана од УСАИД.

„Корупцијата ги поткопува темелите на демократијата и го попречува општествениот напредок. Заедно, можеме да создадеме средина каде што интегритетот напредува и етичките вредности се поддржуваат”, рече Јоана Косма, директорка на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.

До крајот на годината предвидено е да се посетат вкупно 10 училишта во кои ќе се едуцираат учениците и ученичките како да се искорени корупцијата во земјава. Потребно е учениците и ученичките, како и сите поединци да станат антикорупциски херои и да направат видлива разлика во општеството. Застанувајќи заедно против корупцијата, можеме да создадеме општество кое поддржува интегритет, почит и достоинство.

Приклучете се и вие во мисијата за антикорупциското движењето и раширете ја свеста. Споделете ја важноста на етиката и интегритетот со вашето семејство, пријателите и колегите зазаедно да создадеме ефект на бранување што води кон општество без корупција.

Tags: „Бидете херои на чесноста“антикорупциска кампања
Next Post

Данска повикува на повеќе заеднички воени вежби со нордиските земји

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk