ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Ако не бевме во НАТО и не споделувавме информации во тој систем, немаше да можеме да се справиме со руската пропаганда

May 17, 2023 20:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на лидерскиот состанок во организација на Белградскиот центар за безбедносна политика, насловен „Руската агресија врз Украина: Нов моментум за проширувањето на EУ?“, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Тој се осврна на значењето на членството во НАТО и влијанието на руската пропаганда на Балканот.

Ако ние не бевме во НАТО и не ги споделувавме сите информации во тој систем, немаше да можеме да се справиме со сите други пропаганди и лажни вести. Ако ја споредиме пенетрацијата на руските служби во регионот, особено во Македонија, сега и таа не е толку голема во споредба со 2018-та година, кога го организиравме референдумот за членство во НАТО, и особено пред таа кампања, кога странски ентитети воспоставија 35 интернeт портали преку ноќ во земјава, од кои 2/3 имаа слични имиња на веќе постоечки, истакна претседателот во дискусијата.

Во однос на билатералниот спор со Бугарија, како пречка во македонските интеграции кон ЕУ, претседателот Пендаровски изјави дека пред две и пол години Бугарија почна да изнесува барања кои немаат никаква допирна точка со ЕУ критериумите. „Започнаа да зборуваат за македонскиот етнички идентитет, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека во периодот од 1941 до 1944 тие биле администратори, а не окупатори и сето тоа беше во писмена форма дисеминирано до сите амбасадори. Таков тип на историски ревизионизам е апсолутно недозволив во секоја сериозна дискусија“, рече претседателот Пендаровски, додавајќи дека таков дијалог не прилега од страна на земја-членка на ЕУ.

Во дискусијата учествуваа Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Игор Бандовиќ, директор на Белградскиот центар за безбедносна политика, Весела Чернева, заменик директор на Европскиот совет за надворешни односи, Горан Булдиоски, директор на програмата за Европа и Централна Азија на Фондот за отворено општество и Срѓан Цвијиќ, претседател на Меѓународниот советодавен комитет на Белградскиот центар за безбедносна политика.

Целта на лидерските состаноци е да се дискутира за значајните надворешни и безбедносни предизвици со кои се соочува регионот, геополитичките настани и трендовите што го засегаат, и да се процени иднината на демократските реформи, регионалната соработка и местото на Западен Балкан во глобалната политика.

Next Post

Украина се приклучи на Центарот за кибер одбрана на НАТО во Талин

НАЈНОВО

Шкендија вечерва против бугарски Лудогорец во реванш плејофот во Лига Европа

August 28, 2025

Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

August 28, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Шок за Манчестер јунајтед, елиминиран од четвртолигашот Гримсби Таун во Лига купот

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk