ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

ФЕИТ-ФАБЛАБ и Логинг Електроникс организираа работилница „Развојни Микропроцесорски Системи“

May 18, 2023 09:23
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Средношколци и професори од 11 технички училишта од Македонија, изминативе два дена, учествуваа на специјализирана едукативна практична работилница „Развојни Микропроцесорски Системи“. Оваа работилница, по четврти пат, ја организираат ФЕИТ-ФАБЛАБ и компанијата Логинг Електроникс во рамки на нивниот партнерски проект „Технологија за Тебе“. На работилницата учествуваа претставници на СЕТУ „Михајло Пупин“- Скопје, СУГС „Владо Тасевски“- Скопје, СОСУ „Илинден“- Илинден, СОУ„Гошо Викентиев“ – Кочани, СОУ „Гостивар“ – Гостивар, СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ -Битола, ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово, ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес,СОУ „Коле Нехтенин“- Штип и СОУ „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп.

Продеканот за настава на ФЕИТ, Соња Геговска-Зајкова ги поздрави учесниците на работилницата, мотивирајќи ги да продолжат со образование на техничките факултети. „Ги едуцираме, но и мотивараме младите средношколци да останат и да студираат во Македонија. И тука имаат можности многу да научат и да бидат во контакт со најновите технолошки решенија, исто како нивните колеги од други развиени држави. Нашиот факултет се грижи за потенцијалите на младите и за можноста да се реализираат во земјава“, додава Зајкова.

Идејата за овој настан се родила во 2017 година, а прв пат е реализиранa година дена подоцна. Извршниот директор на Логинг Електроникс, Златко Крстевски вели дека суштината на овој проект е технологијата, поточно микропроцесорските системи да ги направи достапни за младите генерации во нивната практична едукација.

„На овој начин, практично, ја внесуваме технологијата во постоечкиот образовен процес во средните училишта. Секоја година, како компанија, донираме опрема на сите средни технички училишта, кои работат со неа во текот на учебната година. На оваа работилница тие ги презентираат своите решенија со донираната опрема од тековната учебна година и прават размена на искуства меѓусебе. Всушност, учат едни од други преку практични вежби. Во текот на работилницата, учениците и менторите добиваат нови идеи и знаења, прават спецификации за потребната опрема за следната година која ќе им ја донираме и создаваат уште покреативни решенија“, вели Крстевски.

Практичниот дел од овогодинешниот натпревар од областа на електрониката се реализираше во новоотворената лабораторија на производство на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ ФАБЛАБ. „Многу сме среќни што нашата новоотворена лабораторија ФЕИТ ФАБЛАБ ги овозможи највисоките стандарди за реализација на натпреварот со користење на професионални инструменти и програмабилни системи. Лабораторијата за производство ФЕИТ ФАБЛАБ на дело ја демонстрираше својата основна намена, а тоа е да служи како креативен и инспиративен простор за младите иноватори, техничари, хобисти, сегашни и идни инженери“, се обрати Живко Коколански, професор на ФЕИТ во име на ФЕИТ ФАБЛАБ.

Во натпреварот учествуваат сите 11-училишта организирани во тимови по двајца ученици на дефинирана тема од страна на ФЕИТ со користење на донираната опрема од Логинг Електроникс. „Добитниците на првите три места од натпреварот добија награди со опрема од Развојни Микропроцесорски Системи и ваучер за платена тримесечна пракса од Логинг Електроникс, додека од ФЕИТ шест стипендии од институтот за Електроника доколку се запишат на насоката Компјутерско хардверско инженерство и електроника“, вели Коколански.

Првите три места на натпреварот за„Развојни Микропроцесорски Системи“ ги освоија:

Прво место: учениците Христијан Николовски и Петар Божиновски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, Битола

Второ место: ученици Михаил Кузманоски и Марко Петрушевски од СОСУ „Илинден“- Илинден, Скопјe

Трето место: ученици Христијан Глигуроски и Андреј Недески од СОУ „Ристе Ристески Ричко“, Прилеп

Покрај наградите за првите 3 места нанатпреварот, награда за најдобра реализација и презентација практичен проект соопремата донирана од Логинг Електроникс доби СЕТУ „Михајло Пупин“- Скопје.

„Најважно е децата да видат дека се може да направат сами, да стекнат сигурност во себе и да размислуваат за сопствени бизниси во Македонија“, вели Крстевски.

Tags: ФЕИТ-ФАБЛАБ
Next Post

Мајами подобар од Бостон во првиот натпревар од финалето на Источната конференција

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk