ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Самит за поврзување 2023: Ефикасна трговија, транспорт и логистика – предуслови за економски развој и привлекување инвестиции

May 19, 2023 09:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрената транспортна поврзаност и поголемата мобилност ја зајакнуваат поврзаноста и ја поттикнуваат соработката меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија, промовираат економски можности и имаат позитивен ефект врз стандардот на граѓаните од регионот, беше соопштено на Самитот за поврзување, кој се одржа во Будва на 15 и 16 мај, во организација на ЦЕФТА и Транспортните заедници.

Самитот ги собра министрите за транспорт, директорите на царинските служби и други високи функционери од Западен Балкан и соседните земји-членки на ЕУ, како и набљудувачи во транспортната заедница (Молдавија, Украина и Грузија). Присутните се осврнаа на досега реализираните проекти и разменија мислења за понатамошната динамика и перспективи на соработка со цел натамошно унапредување на транспортното, безбедносното и инфраструктурното поврзување на земјите за доброто на граѓаните од целиот регион.

Потпретседателот на Владата на Црна Гора и министер за капитални инвестиции, Ервин Ибрахимовиќ, рече дека земјите од регионот имаат голема и предизвикувачка задача, чија реализација ќе ја подобри мобилноста и транспортната поврзаност, но и ќе ги зајакне врските на земјите од Западен Балкан. Инвестирањето во изградба на нова и подобрување на постојната транспортна инфраструктура носи придобивки за целиот регион, рече Ибрахимовиќ.

Емир Џикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, рече дека Самитот е можност да се разговара за тоа како ЦЕФТА може дополнително да помогне во поврзувањето. Според Џикиќ, укинувањето на царините во регионот е еден од првите чекори кон таа цел, но потребно е да се направи сé за компаниите од регионот да бидат поконкурентни на регионалниот и на европскиот пазар. Џикиќ истакна дека во овој контекст е важно да се продолжи со работа на Зелените коридори кои беа воведени за време на пандемијата и да се работи на нивно проширување кон европската граница. Тој објасни дека тоа значи дека камионите побрзо ги минуваат, не само внатрешните граници на регионот, туку и границите кон Европската унија, бидејќи 70 отсто од извозот на членките на ЦЕФТА оди во ЕУ. Тој посочи дека тоа е приоритет за сите ЦЕФТА страни.

Директорот на Управата за приходи и царина на Црна Гора, Владимир Булајиќ, ја истакна важноста од подобрување на инфраструктурата и воспоставување интегрирано гранично управување, што, како што рече, придонесува за поголема безбедност, олеснување на процедурите и скратување на времето на задржување на патниците и стоките на граничните премини. Тој, исто така, рече дека усвојувањето на различни формати, како што е патувањето со едно овластување низ Западен Балкан, ќе помогне во намалување на трошоците и подобро искористување на достапните ресурси.

Министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, се согласи дека модерен и добро поврзан транспортен систем претставува потенцијал за економски развој на целиот регион. Во своето излагање тој се осврна на конкретните проекти што Северна Македонија во моментов ги реализира, како и на оние што планира да ги реализира во наредниот период, а чија реализација ќе ги поврзе земјите од Западен Балкан директно со соседните земји, членки на Европската Унија – Бугарија и Грција. Во овој контекст, Бочварски истакна дека модерните патишта претставуваат потенцијал за отворање нови работни места, што директно влијае на економскиот просперитет на регионот.

На Самитот за поврзување 2023 беше усвоена Заедничката ЦЕФТА-ТЦТ декларација „Проширување на Зелените ленти“, која дополнително ќе го олесни транспортот и трговијата со цел да се намали времето на чекање и да се подобри ефикасноста на логистиката и синџирите на вредност на ЕУ.

 

Tags: БочварскиСамит за поврзувањеЦЕФТА
Next Post

Или го поддржуваш тоа што е потребно за придвижување кон ЕУ или си против, вели Агелер

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk