ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонски уметници на групната изложба „Уметноста го обединува светот“ во Венеција

May 22, 2023 09:30
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Изложба насловена „Уметноста го обединува светот“ на група интернационални уметници меѓу кои и од Северна Македонија е отворена викендов во палатата Албрици-Капело во Венеција, како паралелен настан на Биеналето на архитектура Венеција 2023.

На изложбата учествуваат Клара Афонсо од Португалија, Патриција Казагранда од Германија, Арлета Чехиќ од Босна и Херцеговина, Јулија Дјаченко, Владимир Мартинов, Дима Сухов и УЛАН од Русија, Хелга Елбен од Германија, Кенрио Хара од Јапонија, Марко Кусмук од Србија, Ана Монтанаро од Италија, Марија Павловска од Северна Македонија/САД, а гостин на изложбата е Мице Јункуловски, Северна Македонија.

Организатори на изложбата се Германско-италијанското друштво – ACIT (Associazione Culturale Italo-Tedesca) во Венеција по идеја на Маријана Гнездилова, Русија, во соработка со OKXSA Projects (Оксана Жудина Бого, претседател и основач), ОСТЕН АРТ Скопје (Корнелија Конеска, директор) и СНЕГ Галерија Москва (Александар Филипов, директор)

Изложбата е под покровителство на Генералниот конзулат на Сојузна Република Германија во Милано, во соработка со АГИМУС Венеција и со поддршка на Гете Институт Италија.

За изложбата Корнелија Конеска, кураторка и директорка на ОСТЕН АРТ Скопје, меѓу другото ќе рече дека уметноста има моќ да ги надмине јазичните и културните бариери, а меѓународните уметнички изложби остануваат да бидат светилник на уметноста што придонесува за зближување на луѓето во заедничка визија за подобар свет, обезбедувајќи надеж и инспирација за иднината.

-Сликите изложени во прекрасната Палацо Албрици-Капело сместена во срцето на меѓународната уметност – Венеција, прикажуваат дела кои претставуваат широк спектар на стилови и традиции, од апстракција до фигурација, од традиционална уметност до поп-арт. И покрај нивната различност, сите овие дела имаат заедничка нишка: тие комуницираат со универзален јазик кој зборува за човечката состојба, без разлика од каде доаѓаме или во што веруваме. Секоја слика на оваа изложба покажува како уметноста може да биде катализатор за поврзување, комуникација и разбирање, вели Конеска.

Преку универзалниот јазик на боја, форма и емоции, овие дела, вели таа, нè повикуваат да го видиме светот низ нови очи и да ја цениме убавината и сложеноста на светот што го споделуваме.

-Во свет кој често се чувствува поделен на толку многу нивоа, изложбата „Уметноста го обединува светот“ нè потсетува на моќта на уметноста, и покрај се, да нè зближи и да создаде чувство на заедништво. Се надеваме дека посетителите ќе ја напуштат оваа изложба инспирирани, издигнати и поврзани со глобалната заедница на љубители на уметноста кои ја споделуваат нашата страст за креативност и убавина. Зашто, најпосле, преку обединувањето, уметноста ќе го спаси светот!, порачува Конеска.

Изложбата е отворена на 20 мај, а посетителите ќе можат да ја погледнат до 24 јуни 2023 година.

Tags: „Уметноста го обединува светот“
Next Post

ИТН ја повлече поддршката, Марија Габриел денеска ќе го враќа првиот мандат за состав на влада на Бугарија

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk