Карлос Алкараз се најде на првата позиција на најновата АТП ранг-листа објавена денес. Шпанецот има 6.815 бодови.
Едно место во однос на претходната недела напредуваше и Русинот Данил Медведев кој е втор со 6.330 бода.
Со пад од две места, Србинот Новак Ѓоковиќ е трет. Тој по раната елиминација на Мастерсот во Рим, сега има 5.955 бода.
Во ТОП !0 светски тенисери се и: Каспер Руд (Норвешка), Стефанос Циципас (Грција), Холгер Руне, Андреј Рубљов, Јаник Синер (Италија), Тејлор Фриц (САД) и Феликс Оже-Алијасим (Канада).
Од македонските тенисери, најдобро котира Калин Ивановски – 415.место со 108 бодови.