Јасно е дека во моментот има позитивен „моментум“, кој е важно да се искористи. Како што неодамна истакна нашиот министер за надворешни работи Тајани, иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Патот на Северна Македонија е трасиран, со добро дефинирана процедура. Со која брзина ќе се напредува, ќе зависи на прво место од вас, од тоа колку брзо ќе ги спроведете потребните реформи, за усогласување на вашето законодавство и вашите стандарди со европските, вели во интервју за „Локално“, италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри за европскиот пат на С. Македонија и преговорите со ЕУ.
За евроскептицизмот меѓу македонските граѓани, Силвестри истакнува дека се должи на предолго поминато време помеѓу добивањето на статус на земја членка и почетокот на преговорите.
Во однос на борбата против корупцијата, италијанскиот амбасадор посочува дека претставува комплексен проблем кој бара интервенции на повеќе нивоа.
-Од оваа гледна точка со Владата и Државната комисија за спречување на корупција го споделуваме искуството се кое се стекнавме во Италија, исто така и преку нашата Национална антикорупциска агенција. Во суштина, феноменот има и „културолошка“ димензија, односно каков е ставот на народот во однос на истиот. Неопходно е сите – функционери и граѓани – да ја присвојат културата на легалноста, објаснува Силвестри.
Амбасадорот се согласува дека уставните измени се јазол што треба да се разреши.
-Затоа, одговорност на сите политички фигури е на најдобар начин да се соочат со ова прашање за јасно да ја покажат нивната поддршка за европската перспектива на земјата, ни рече Силвестри.
Целото интервју на следниот линк!