Штетите од големото невреме што го зафати Гостивар се санирани, откако надлежните екипи се повлекле од теренот по 20 часот, информираа доцна синоќа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Гостивар вчера го зафати силно невреме, пришто поплавени беа куќи и улици, а на места имаше и одрони.
Според информациите на терен, во Гостивар, најмногу пријави за штети има во населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште.