ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК: Пратениците за пет години потрошиле речиси три милиони евра за патни трошоци

Членот на ДКСК Катица Николовска образложувајќи ја анализата рече дека се гледа тенденција оти има намалување на трошоците за превоз, со тоа што во 2015 година исплатените надоместоци на пратениците во Собранието за користење на автомобил се 770.883 евра, во 2016 – 698.797 евра, 2017 – 512.000, 2018 – 522.930 евра и 2019 година – 390.993 евра.

February 14, 2020 14:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година што денеска Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) го презентираше покажува дека вкупниот трошок во овие пет години е 2.895.605 евра.

Членот на ДКСК Катица Николовска образложувајќи ја анализата рече дека се гледа тенденција оти има намалување на трошоците за превоз, со тоа што во 2015 година исплатените надоместоци на пратениците во Собранието за користење на автомобил се 770.883 евра, во 2016 – 698.797 евра, 2017 – 512.000, 2018 – 522.930 евра и 2019 година – 390.993 евра.

ДКСК констатира и дека во анализираниот период, 23 пратеници имаат сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство кои се лоцирани во Скопје, а и покрај тоа тие пратеници примале надоместоци за користење автомобил за доаѓање и враќање на работа, односно за патување до Скопје и назад.

Николовска додаде дека висината на надоместот на закупнина на стан за пратениците изнесува 400 евра месечен бруто износ, а надоместот следува врз основа на писмено барање кое содржи лична изјава заверена кај нотар дека барателот нема во сопственост или под закуп стан или куќа, во површина најмалку од 80 метри квадратни во Скопје.

– Не е јасно на кој начин е утврдено дека помала површина од 80 метри квадратни е услов за да може пратеникот да оствари право на стан под закуп. Дали тоа значи дека ако еден пратеник има два стана од по 75 метри квадратни, пратеникот исто така може да користи стан под закуп. Исто така, со одлуката не е утврдено правото на максимална квадратура за изнајмување во зависност од тоа дали пратеникот живее сам или со семејство. Од договорите за закуп кои ни беа доставени видно е дека за различна квадратура се плаќа ист износ, на пример без разлика на местото, на локацијата и површината на станот, сите подеднакво земаат по 400 евра надомест, плус 100 евра надомест за режиски трошоци, вели Николовска.

За намалување на патните трошоци на пратениците ДКСК предлага натамошно регулирање на оваа проблематика во смисла на консолидирање на законската и подзаконската регулатива и нејзино усогласување со реалните можности на државата и потребите на пратениците утврдување на прецизни критериуми за користење на правата на надоместоци на пратениците по сите основи, а сето тоа да биде поткрепено со методологија со која јасно и недвосмислено ќе се утврди правото, видот и видот на надоместоците кои пратениците можат да ги користат по сите основи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Зголемени трошоците на животот и цените на мало

НАЈНОВО

Лукашенко негира вмешаност на Белорусија во инцидентите со дронови над Полска и Литванија

September 16, 2025
Фото: Скриншот, видео на Х

(ВИДЕО) Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

September 16, 2025

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk