ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Слика што ќе ја симне прашината од нашите очи

May 30, 2023 16:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Боналдо - Тричковски - Базин

Боналдо - Тричковски - Базин

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во политичките кризи на чесниот човек не му е најтешко да ја врши својата должност, но многу му е тешко да сфати во што се состои таа.

Не сум сигурен дека Македонците се спремни да ја вршат својата должност, како што тоа го сугерира Луј Габриел Боналд, но сигурен сум во тоа дека мнозинството не знаат во што се состои таа должност. Дури мислам дека како своја должност го сметаат интензивното произведување на општа штета: Секојдневни и обилни дисквалификации на државата, неверојатна посветеност на културата на смртта и на лошото и злото, неуморна потрага по болести, убиства, пљачки, несреќи како единствено нешто што ги исполнува луѓето и им ја ангажира сета енергија, блокирајќи им го вниманието спрема важните работи, да не говориме за неверојатните дисквалификации на власта кои ги надминуваат сите разумни критики. Катастрофални проценки на ситуацијата во која се наоѓа државата и тие како жители. На ресурсите и моќите со кои располагаат. Смртоносни екстраполации со неверојатна левтерност. Одбивање да се расправа за вистинската природа на опозицијата. За нејзините денешни блокади и за минските полиња по институциите што ги оставија кога беа власт и сега ги активираат во врска со потребата за одржување на континуираната криза.

Францускиот критичар Андре Базин верувал дека фотографијата може да ја симне од светот онаа духовна прашина и валканост со кои ја прекриваат нашите очи.

Затоа нам ни е потребна фотографијата што ќе ни ја направат други. Не селфи. Потребна ни е интервенција од надвор. Фотографија на светот. Која ќе ја симне духовната прашина и валканост со која вистината и убавината ги прекриваат нашите очи. Нашиот поглед и саморазбирање. Холандскиот амбасадор даде убаво интервју во кое отворено и критички зборуваше за состојбите во земјата, ни понуди една таква слика која ја симнува прашината од нашите очи, но и тој се задржа на општото ниво на причините, не се обиде да одговори од каде доаѓа влошувањето на општата состојба во последните две години, зошто и кој и со какви средства го генерира тоа влошување. Власта не може да ја избегне одговорноста, но главната улога ја играат вмро-дпмне, прво преку своите инсталации во институциите, второ поради партискиот интерес да се влошува ситуацијата и тоа да се користи за дисквалификација на власта и трето, да се држи Македонија подалеку од Европа затоа што во Европа македонското прашање ќе биде затворено засекогаш, а тие тоа го сметаат за смртна пресуда за самите себе и за својата историска мисија. Тие се против Европа затоа што Европа ги афирмира Македонците, а ги обесмислува нив како феномен.

Вистината во политиката мора да почека, додека на некого не му стане потребна.

Јас мислам дека денеска на сите ни е потребна повеќе од кога било.

Хенри Адамс на времето пишувал дека практичната политика се состои во игнорирање на фактите.

Ние досега работевме според тој принцип.

Време е да го смениме.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025
Фото: Бела Куќа

САД и Саудиска Арабија потпишаа договор за продажба на воена опрема вреден 142 милијарди долари

May 13, 2025

Рубио ќе биде претставник од САД на разговорите в четврток во Турција меѓу Украина и Русија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk