ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Со процесот на дигитализација ќе се рационализираат парафискалните давачки

June 1, 2023 12:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Парафискалните давачки често се спомнувани од бизнис заедницата како фактор кој влијае на конкурентоста на економијата.Земајќи ги во предвид барањата од бизнис секторот за поголема предвидливост и рационалност на административното оптоварување од таканаречените парафискални давачки, а воедно и реализирајќи активности предвидени во Акцискиот план за Стратегијата за неформална економија, Министерството за економија почнувајќи од 2019-та спроведе низа на активности за мапирање и анализа со крајна цел –предлози за оптимизирање на парафискалните давачки, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на на панел дискусијата „Политики за рационализација на парафискалните давачки и реформи за повисока конкурентност” во рамки на Економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”, во организација на Фајнанс тинк.

„Како прва активност која се спроведе беше мапирањето на парафискалните давачки користејќи ги податоците од каталогот на е-услуги на МИОА што резултираше во листа од 377 парафискални давачки. Беше формирана работна група со претставници од сите релевантни институции која преку еден инклузивен процес со активно учество на бизнис заедницата преку стопанските комори ги разгледува и дава предлози и мислења за парафискалните давачки во земјава.

Почнувајќи од Април 2022-ра година, Министерството за економија го спроведува проектот “Рационализација на парафискалните давачки” со техничка поддршка од Делегацијата на Европската Комисија. Анализите кои ги направија експертите ангажирани во рамките на проектот во соработка со сите релевантни чинители покажаа дека постои потреба за подобро системско уредување на парафискалните и останатите такси и давачки од неданочна природа во земјава, но и зголемена свест со цел диференцирање на парафискалните од останатите давачки и такси од неданочна природа. Ова дотолку повеќе што анализите направени во рамките на проектот покажаа дека од вкупно 377 давачки, дури 255 се административни такси и се регулирани во тарифникот на Законот за административни такси, останати неданочни плаќања регулирани со други материјални закони се вкупно 117, додека давачки кои се наплаќаат од самостојни органи на управа и се воедно давачки од кои одат директно во буџетот на органот се вкупно 46“ кажа Бектеши.

Според министерот процесот на системско уредување на овие давачки бара донесување на акти кои ќе ја дадат правната рамка за воспоставување, следење и надзор на давачките од неданочна природа, вклучувајќи ги и парафискалните давачки, како и креирање на алатки за понатамошно систематизирање на давачките што ќе обезбеди поголема предвидливост и транспарентност.

„Битно е да се истакне дека оптимизацијата на овие давачки е процес кој треба да обезбеди правичност, водејќи сметка за интересите на бизнисите, но и водејќи сметка за реална процена на цената на чинење на определени услуги,  имајќи во предвид дека неданочните давачки се приход од кој се обезбедува непречено фукнционирање на определени институции и на државните институции воопшто“ потенцираше министерот и додаде дека важно е да се каже дека дигитализацијата на услугите која интензивно се одвива во државата, дава дополнителен инпут во процесот на рационализација на парафискалните и останатите неданочни давачки, преку интероперабилноста и намалувањето на времето и трошоците за добивање на определени услуги.

„Остануваме посветени на овој процес како Министерство за економија, но и како Влада со сите чинители и засегнати страни. Задоволни сме што успеавме да отвориме една поширока дебата за овие теми кои се од исклучително значење за бизнис секторот, но и за државата воопшто и се надеваме дека оваа дебата наскоро ќе резултира со решенија кои ќе значат подобро бизнис опкружување и зголемување на конкурентноста на компаниите, но и подобро и поорганизирано воспоставување и следење на неданочните приходи во државата“ кажа Бектеши.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бектешидигитализацијапарафискални давачки

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk