Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Час поскоро треба да има релаксирање на општеството, а единствен начин за тоа се предвремени избори.
Кој може да истресе ваква глупост?
Релаксирање на општеството на предвремени избори.
Пакетот на Ковачевски е, како да кажам, врвен израз на државничко однесување, на чувството за одговорност за општите работи, на добра волја и подадена рака, на не мала саможртва во името на европските перспективи и националните афирмации на Македонија. Значи, уставни измени, па влез на вмро во владата со ист број ресори како и сдсм, отпочнување на преговорите со затворање на неколку поглавја, па предвремени избори.
Злосторникот со скинатите синапси вели: Не!
Вмро прифаќа да влезе во владата со сдсм, но само ако од неа излезе дуи!!!
Замислете!
Па, тоа е објава на граѓанска војна!
Второ, евентуалните уставни измени (значи, сепак дозволува опција да се случат) да важат од моментот кога ќе почне ратификацијата на пристапните протоколи за приемот на Македонија во ЕУ.
Демек, ние ја уценуваме Европа, ние ѝ ги поставуваме условите за нашиот прием во Европа.
Тоа може да му дојде на ум само на некој со хаос во главата или со идеја да го рајца македонското просташтво.
Трето, тој ќе разговарал со неколку европски премиери и ќе бара од Европскиот совет гаранции за македонскиот идентитет.
Гаранции за идентитетот?!
Па со кого, навистина, живееме и како сме уште живи!?
Блаблабла.
Четврто, бара преку признавање на некои пресуди од Стразбур Бугарија да го признае македонското малцинство.
Петто, бара повеќе пари од Европа.
Од истата Европа на која ѝ испорачува стандарди што таа треба да ги применува за да ја одоброволи Македонија да сака да влезе во Унијата.
Тоа се обилни надркувања на возбудениот македонски народ кој на тој начин може да сврши физички, а не сексуално.
Македонците ќе излетаат од пенисот на Историјата како шуплив ејакулат, бесплодно семе.
Сакам да ја поздравам смиреноста, решеноста и добронамерноста на Ковачевски.
Неговото државништво.
Неговата понуда реално ќе ги ослабне позициите на Мицкоски во општата јавност, а се надевам и меѓу вмороните. Значи, внимавајте, тој одбива пет министерски места колку што ќе ѝ останат и на сдсм, одбива предвремени избори околу кои седум години нè тероризира, одбива почеток на преговорите и затворање на неколку поглавја, одбива почеток на процесот на националното помирување и на нормализирање на општествената и политичка клима, одбива сериозна можност на предвремените избори да се врати на власт со оглед на предностите што ги има во анкетите и со оглед на некои сериозни слабости на оваа власт.
Бркањето на ДУИ од власта, се разбира, е алиби. Сака малку да го крене рејтингот на антиалбанска основа, а и кај дел од Албанците кои се против дуи, сака уште некое време да ја измачува Македонија во проблематичните релации со Бугарија и со Брисел, да ја дави како змија жаба, веројатно да добие некој орден од Путин, нешто како Додик или Вучиќ итн. И да чека државата да го испушти последниот здив.
Говњар.
Ало Македонијо, те повикувам да се кренеме против оваа неподносливост.
Против оваа штетност.
Против ова зло.
Против смртта.
Вмро-дпмне го повикувам.
Ако ви е добро, тогаш ништо (“Пешчаник”).