Денеска во утринските часови се случила несреќа во производствениот погон на Макстил каде животот го загуби вработен, соопштија од компанијата.
Веднаш биле алармирани сите надлежни служби кои направиле записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата.
„Макстил ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси, за помош во истрагата за откривање на причините за оваа несреќа. Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега“, додаваат оттаму во известувањето.