ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши 13. издание на ФФФ: Статуетката „Златен був“ за јапонскиот филм „План 75“ на Чие Хајакава

Во овие изминати осум дена, Кинотеката беше свртилиште на вистинските филмољупци, а фестивалот зад себе остави возбудлива енергија и поттик за филозофско естетки размислувања, и нови филмски соништа.

June 10, 2023 13:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со соопштување на наградите од интернационалното жири и последната проекција од програмата, синоќа во Кинотеката на С. Македонија, во одлична атмосфера, беше затворен годинешниот Филозофски филмски фестивал.

Јапонскиот филм „План 75“ (2022)  во режија на Чие Хајакава ја доби наградата „Златен був“ во Официјалната селекција на долгометражен филм на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Освен жирито, овој филм ги освои и гласовите на публиката.

Сцена од наградениот „План 75“
Сцена од наградениот „План 75“

„’План 75’, исполнува три услови што го прават многу избалансиран и солиден филм: неговиот кинематографски стил е во дослух со најдобриот јапонски филм, од Јасуџиро Озу до Хироказу Кореда; филозофските проблеми од морална природа што ги поттикнува на соодветен начин, и, нешто многу важно, капацитет да се движи и го оддржува љубопитството; да допре до гледачите, а тоа е крајната цел на филмот, да биде виден и вреднуван од јавноста“, стои во одлуката на жирито во состав: д-р Елизабета Шелева (професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ), д-р Луис Мартин Ариас (професор на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија) и д-р Нил Кенеди (професор на Тринити колеџот во Даблин, Ирска).

Меѓународното жири, пак, во Официјалната селекција на краткометражни филмови, составено од режисерката Ана Јакимска, визуелниот уметник и истражувач Наташа Неделкова и филмскиот критичар од Луксембург, Том Докал, одлучи наградата „Златен Був“ да ја додели на филмот Гробишта на коњи (2022) од Џјанг ‘Шјао’шјуен. Специјалната наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ жирито ја додели на филмот „Те молам, потруди се“ (2022) од Даниел Соариш.

„По визионирањето на извонредниот избор од 15 кратки филмови на ова 13.то издание, нашето жири одлучи особено да ги издвои овие два филма, во однос на нивниот филозофски јазик развиен според нивните соодветни филмски форми и естетика. Филмот „Гробиштата на коњите“на Џјанг ‘Шјао’шјуен на многу разумен и трогателен начин, предизвикува силно филозофско размислување за мајчинството, духовноста и поврзаноста на луѓето со постоечките биолошки, еколошки и метеоролошки системи што ги опкружуваат. Филмот пак „Те молам, потруди се“ е извонредно достигнување на филозофски филм во однос на неговиот социјален аспект, со многу оригинален мизансцен. Тој е силен коментар на современите менаџерски капиталистички логики, каде што работничката е и предмет на експлоатација и непочитување, од страна на нејзиниот шеф тиранин кој не го зема предвид нејзиниот приватен и семеен живот“, стои во одлуката на жирито.

Наградата „Златен Буф“од страна на публиката во оваа конкуренција отиде во рацете на Тепо Ајраксинен и филмот „Ќебенцето“ (2022).

Инаку, Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат се одржа од 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Во рамките на ова фестивалско издание беа прикажани 40-тина филмови, се одржаа 50-настани, имаше петнаесеттина годти и 24 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.

Во овие изминати седум дена, Кинотеката беше свртилиште на вистинските филмољупци, а фестивалот зад себе остави возбудлива енергија и поттик за филозофско естетки размислувања, и нови филмски соништа. Програмата на фестивалот беше следена со голема возбуда од страна на посетителите, а проекциите беа исполнети како никогаш претходно. Со особена будност и интензивни и долги разговори беа проследени сите Q&A сесии. Незаборавни ќе останат споделувањата на размислувањата на ексклузивните гости режисерот Иво Трајков и Кшиштоф Зануси, чии најнови оставрувања беа прикажани на фестивалот.

Од атмосферата на затворањето на ФФФ
Од атмосферата на затворањето на ФФФ

 Не помалку интерес предизвикаа и проекциите на антологиски остварувања во рамките на ревијалната програма, кои, исто така, беа поттик за претолкување на филмовите од филозофска, естетичка, филмолошка итн., визура.

Фестивалот годинава се одржа под мотото „Сè е филм, во множина“, инспирирано од големиот француски филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготви специјален сегмент „Фокус Годар“ и по прв пат на големиот екран беа  прикажани епизоди од неговите „(И)стории на филмот“.

Традиционално на главниот дел од програмата му претходеше и едукативната програма, поделена во три сегменти: Средношколска видео лектира, Работилници за млади и Фил(м)ософија со деца.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и се одржи со институционална поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура, во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Кинотеката на С. Македонија, Амбасадата на Шпанија во Скопје, Амбасадата на Полска во Скопје, Музејот на современата уметност, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

Филозофскиот Филмски Фестивал е единствениот филмски фестивал во Македонија и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм-философијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кинотека на РСМфилмФилозофски факултетФилозофски филмски фестивал
Next Post
Путин и Лукашенко разговараа во Сочи, 9 јуни 2023 (Foto: AFP)

Путин во јули ќе распореди нуклеарно оружје во Белорусија, Западот остро го критикуваше овој план

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk