„Нашата држава уште еднаш доби силна поддршка во самата Европска унија, а ние како народ потврда и уште едно признание за нашиот македонски јазик, култура и посебност“, соопштија утрово од СДСМ.
„Синоќа, германскиот парламент усвои Резолуција од 13 точки со која и се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија и признание на македонската култура, идентитет и јазик.
Резолуција во германскиот Бундестаг не е само симболичен израз на поддршката што ја имаме од Германија, туку испраќа и моќна порака за исправноста на патот по којшто се движиме и почит кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности.
Упатуваме голема благодарност до нашиот најголем европски сојузник СР Германија за силната поддршка на евроинтеграциите и потврдата за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност.
Никогаш претходно Македонија немала толку многу сојузници, толку многу партнери кои ни помагаат во остварувањето на стратешките цели.
Сега од нас зависи дали ќе ја искористиме оваа силна поддршка што ја имаме.
Затоа уште еднаш ги повикуваме Мицкоски и ДПМНЕ да продолжи дијалогот, да формираат свој тим и потребните уставни измени да се донесат што побрзо, за да не ја пропуштиме оваа историска шанса за остварување на стратешките заложби“, додаваат .