ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Постигната спогодба за оштетувањето на археолошкото наоѓалиште Влаху во Живојно

June 16, 2023 09:32
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе Предлог – спогодба со едно физичко и едно правно лице кои се товареа за кривично дело „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ од член 264 од Кривичниот законик. Станува збор за уништување на источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влаху во селото Живојно, општина Новаци.

-Обвинетиот Г.С., како одговорно лице во правното лице – управител на осомниченото правно лице од Битола, во периодот од ноември 2022 година до 03.03.2023, преземал дејствија во име и за сметка на осомниченото правно лице, со што ја уништиле источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влаху во селото Живојно, општина Новаци, кое претставува регистрирано недвижно добро – дел од археолошката мапа на Македонија и кое се наоѓа во опфатот на концесиското поле определено со Одлука на Владата на РСМ за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – јаглен на обвинетото правно лице, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство..

Иако обвинетиот управител знаел, како што посочуваат од Обвинителството, дека во рамките на концесиското поле се наоѓа археолошкото наоѓалиште Влаху, кое претставува културно наследство во кое не смее да се врши експлоатација согласно член 13 од Договорот за доделување на концесија, за што дури и преговарал со претставници на НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство да бидат преземени заштитни археолошки истражувања пред отпочнувањето со експлоатацијата на минералната суровина, сепак ангажирал подизведувач – друго правно лице од Битола на кое му дал насоки да започне со експлоатација на јаглен. Како резултат на ваквите активности во целост е уништена источната периферија на археолошко наоѓалиште Влаху, што беше констатирано на лице место од овластени службени лица од Управата за заштита на културно наследство и од НУ Завод и музеј Битола.

-Со постигнатата Предлог-спогодба, која е потврдена од Основниот суд во Битола, за наведеното кривично дело на обвинетиот управител му е изречена условна осуда казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во рок од три години тој не стори ново кривично дело и доколку се почитуваат следните обврски:

a) правното лице да не презема дејствија на експлоатација на јаглен од подрачјето на локалитетот Забрдо, општина Новаци, се додека на товар на ова правно лице, согласно напатствијата и насоките дадени од стручни лица од НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство, не се изврши јасно означување и оградување на подрачјето на кое се протега локалитетот Влахо, како и на подрачјата на кои се претпоставува дека се протегаат локалитетите Бел Камен и Кералот. Дејствија не смеат да се преземаат и се до завршување на заштитните археолошки истражувања. Откако ќе бидат завршени истражувањата, дејствијата на експлоатација на наведените локалитети да се вршат само во согласност со утврденото со заштитните археолошки истражувања

б) правното лице да не презема дејствија на експлоатација се додека со НУ Завод и Музеј Битола не склучи договор за извршување на заштитно археолошко истражување на товар на обвинетото правно лице на проширениот опфат на КО Живојно, Општина Битола.

в) правното лице има обврска да обезбеди финансиски средства и да дозволи непосредно вршење археолошки надзор од стручно лице – археолог определен од НУ Завод и Музеј Битола за целиот планиран опфат за експлоатација, а согласно насоките на НУ Завод и Музеј Битола.

г) на обвинетото правно лице да му се изрече парична казна во износ од 360.000 денари, а тоа е должно да ги надомести и трошоците за геодетско вештачење како трошоци кои настанале до поднесување на предлог – спогодбата за одобрување до судија на претходна постапка, како и трошоците настанати во постапката пред судот во висина и на начин определен од судија на претходна постапка, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Tags: ВлахуЖивојноОЈО
Next Post
фото: РТК

Во Звечан нападната екипа на РТК

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk