Навивачот на Манчестер Јунајтед, Џејмс Вајт, се изјасни за виновен затоа што носеше грд дрес што ја исмејуваше трагедијата во Хилсборо на финалето на англискиот ФА Куп овој месец.
33-годишникот присуствуваше на Судот во Вилесден во понеделник наутро, откако беше уапсен за време на финалето помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Фотографија од дресот на Вајт, со бројот 97 и зборовите „не е доволно“ испечатени на задната страна, кружеше на социјалните мрежи пред да биде приведен од полицајци.
Вајт се изјасни за виновен за прикажување на заканувачки или навредливи пишувања кои веројатно ќе предизвикаат вознемирување, вознемиреност, а според Скај њуз, бил виден како се „смешка“ додека бил осуден.
Нему му е забрането да присуствува на сите регуларни фудбалски натпревари во период од четири години, како и казнет со 1.000 фунти и наложено да плати 485 фунти за судски трошоци.
James White, 33, from Warwickshire, has pleaded guilty to displaying threatening or abusive writing likely to cause harassment, alarm or distress after turning up to the FA Cup Final in a shirt saying “Not Enough 97” pic.twitter.com/tQnLy5aOIy
— Chris Chambers (@CapitalChambo) June 19, 2023
Според „Ивнинг стандард“, Вајт пред полицајците за неговиот дрес кога бил уапсен рекол дека дресот е за неговиот дедо.
„Не ме прашавте што значи дресот“, им рече тој на полицајците.
„Мојот дедо почина на 97 години и немаше доволно деца“.
На Вајт му беше објаснето дека имал „многу“ претходни пресуди, иако ниту една од претходните не била поврзана со фудбалот, но неговата одбрана пред судот изјави дека „длабоко жали“ за своите постапки на Вембли.
Окружниот судија Марк Џебит го опиша дресот како „одвратна порака, длабоко вознемирувачка“.
„Тешко е да се замисли по…навредлива референца за катастрофата во Хилсборо во 1989 година“, рече судијата Џебит.
Пресудата доаѓа помалку од една недела откако симпатизерот на Тотенхем, Кирон Дарлоу (25) доби тригодишна суспензија откако го исмеваше Хилсборо преку навредливи гестови на Енфилд во април.
На 15 април 1989 година, се случи трагедијата на стадионот „Хилсборо“, во која животот го загибија 96 фанови.
Црниот ден за англискиот фудбал се случи за време на ФА Куп натпреварот помеѓу Нотингем Форест и Ливерпул. Англиската фудбалска асоцијација го избра неутралниот стадион „Хилсборо“ да биде местото каде што тимовите ќе се борат за финале. Сепак, поради надминување на капацитетот на стадионот, 96 лица загинаа, а 766 беа повредени. Тој ден, во „Хилсборо“, имаше повеќе од 50.000 гледачи, иако капацитетот на стадионот беше 39.000. За трагедијата најголемата вина ѝ се припишува на полицијата, која направила многу грешки околу организацијата на мечот и безбедноста на навивачите.
Подготви: Ј. Ѓ.