ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бисера Ќурчиска од Куманово меѓу 16 млади Европејци наградени на конкурсот Советот на Европа

Во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, на 16 млади Европејци им беше доделена награда за нивните трудови на темата „Како го замислуваш Европеецот на иднината“

October 6, 2019 16:46
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Европа за време на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, свечено ја одбележа 70-годишнината од своето основање со пригодната свеченост во Операта во Стразбур.

Во таа прилика беа доделени наградите на 16 млади Европејци од 47 земји членки на Советот на Европа, кои учествуваа на наградниот конкурс на организацијата посветен на 70 годишнината.

Меѓу лауреатите е и една млада девојка од Куманово Бисера Ќурчиска, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, на 16 млади Европејци им беше доделена награда за нивните трудови на темата „Како го замислуваш Европеецот на иднината“.

Бисера Ќурчиска, ученичка во ООУ Кочо Рацин од Куманово, која од септември е средношколка, се најде меѓу 16 млади Европејци. Есејот на Бисера беше прогласен за најдобар есеј во нашата земја и истиот беше избран меѓу 16 есеи од вкупно 47 земји колку што брои Советот на Европа, кои беа наградени за време на свеченоста на 70 годишнината во операта во Стразбур.

– Бев изненадена кога професорката ми јави дека освоив прво место и дека ќе одам во Стразбур. Пишував за Европа и ја споредував Македонија со Европа и ја споредив со мене и јас сум дел од Европа, вели Бисера Ќурчиска, ученичка во ООУ Кочо Рацин од Куманово.

– Чест и задоволство ми е што Бисера со својот есеј успеа да не доведе овде во Европа. Бисера пишуваше за Европа и ние овде ја доживеавме Европа. Прекрасно е да се биде дел од ова и навистина  би посакала, ако не за мене, туку за младата идна генерација која што доаѓа да биде дел од ова членство, бидејќи е прекрасно. Стразбур е прекрасен град, благодарам до Советот на Европа што ни овозможи да бидеме тука и да слушаме говор на еден врвен политичар и претседател на една голема европска држава. Тоа е навистина доживување, вели Весна Тодоровска досегашната професорка по македоски јазик на Бисера Ќурчиеска.

Лауретката и нејзината професорка беа примени и во постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа во Стразбур.

Инаку на свеченоста во операта во Стразбур, посветена на 70 годишнината на Советот на Европа, зборуваа бројни личности: францускиот претседател Емануел Макрон, генералната секретарка на Советот Марија Пејчиновиќ Буриќ, претседателот на Европскиот суд за човекови права Линос-Александер Сицилианос, поранешниот шпански премиер Фелипе Гонзалес, градоначалникот  на Стразбур Ролан Рис, генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш и космонаутот Лука Пармитано.

извор: МИА

Next Post

Жанин Хенис-Плашарт: Ова мора да запре

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk