ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Лидија Димова со храбар и експресен одговор на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

„Ќе завршам во ваш стил – Бидете мажи! Очекувам да го прифатите мојот предизвик! И ветувам дека ако соберете доволно храброст, јас ќе бидам ЖЕНА и ќе си дадам оставка доколку ја докажете мојата вина!“

October 6, 2019 17:20
in СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве, во јавноста се објавија серија обвинувања врз Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Круна на медиумските напади беше денешната прес конференција на Стефан Николовски од ВМРО ДПМНЕ во која тој тврди дека се доделуваат грантови на невладини организации блиски до власта или во кои членуваат лица кои учествуваат во, како што се изрази, „политичкиот прогон на опозицијата“. Директорката Лидија Димова одлучи својот одговор да го даде во свое лично име во статус на нејзиниот Фејсбук профил:

Димова целосно ги отфрла нападите од ВМРО-ДПМНЕ како неосновани. Притоа, ги потсети дека овие напади и лаги ги изнесуваат на денешен ден, недела, божем празник за верниците-демохристијани, во нивната 3-та епизода од вмровската сапуница.

Ја следев прес-конференцијата и првично размислував да одговорам институционално на обвинувањата, но сфатив дека тоа е невозможно, зашто таквиот одговор бара другата страна – во случајот ВМРО-ДПМНЕ – да има барем минимум капацитет за да ја разбира програмата што ја спроведува оваа Агенција. Затоа, решив овој одговор да го дадам лично, како Лидија Димова, а не како вршител на функцијата директорка на Националната агенција – пишува Димова.

Понатаму, Димова во својата Фејсбук објава прави еден пресек од активности на Агенцијата со која раководи, кои што ја вратија земјата назад на европската агенда.

Не можам да сфатам како е возможно една партија која се бори за власт (божем, државотворна) да сака да ја уништи институцијата која со толку многу напори ја вративме на картата на Европската Унија. Оваа агенција стана дел од Европскиот солидарен корпус, од Јужната младинска мрежа, од „Обликувањето на младинската политика“ на Советот на Европа, од истражувачката мрежа Реј, од програмата „Студирај во Европа“ и од иницијата Европската младинска картичка во рок од неполни две години и сега се посегнува по нејзиното уништување само затоа што е извесно дека Република Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори.

Димова, во продолжение, целосно ги разоблучува нападите врз неа и Агенцијата од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ, а пренесени и мултиплицирани од медиумите под нивна контрола.

Не ми е јасно дали ВМРО-ДПМНЕ очекува да почнам да ги бранам проектите кои ЈАС не ги избрав? Зошто упорно се обидува да ја замајува јавноста дека личноста, а не институцијата одлучува кој проект ќе се финансира. Мене ми е јасно дека во нивно време така се делеле проекти и пари, но европските практики што ги следи институцијата со којашто управувам јас има јасни правила за доделување проекти.

И на крајот, Димова ја фрла ракавицата:

Без намера да звучам надмено, имам предлог за ВМРО-ДПМНЕ. Доста со ваквите обвинувања! Ако навистина имате сомнежи, јас сум ви на располагање за да одговорам на сите ваши прашања поврзани со работењето на Националната агенција.

Многупати досега сте кажеле дека не му верувате на Јавниот обвинител, па ни на Антикорупциската комисија. Но, дозволете да ве потсетам дека имате уште помоќен инструмент во вашите раце – тоа е Надзорната расправа во Собранието на Република Северна Македонија. Како политичка партија можете кога сакате да ја свикате оваа расправа, а сите поканети сведоци се ДОЛЖНИ да дојдат и јавно да одговараат на прашањата на сите пратеници.

Затоа, ја фрлам ракавицата и ве предизвикувам да организирате Надзорна расправа за Националната агенција. Покажете им на граѓаните дека го имате неопходниот минимум да раководите со институциите на државата со која претендирате да владеете, а јас ветувам дека сите информации ќе ви бидат на располагање. Нема потреба Александар Николоски да се крие зад младиот активист Стефан Андоновски! Конечно, ја отворивте пандорината кутија, сега треба и да ги расчистиме работите!

Ќе завршам во ваш стил – Бидете мажи! Очекувам да го прифатите мојот предизвик! И ветувам дека ако соберете доволно храброст, јас ќе бидам ЖЕНА и ќе си дадам оставка доколку ја докажете мојата вина!“, вели Димова.

Од ВМРО-ДПМНЕ молк.

С. М. Живкова

 

https://www.facebook.com/lidija.dimova.9/posts/2422410481179155

 

Next Post

Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk