ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Реализацијата на капиталните инвестиции во рамките на просекот, јавниот долг стабилизиран

Буџетот е ликвиден, се тече непречено и сите барања кои се процесуираат од институциите до трезорот се реализирани. Но, не ми е познато дали е пристигнат налог до трезорот за исплата на платите во образованието и градинките и дали е реализиран, бидејќи се се процесуира во најбрзи можни рокови, рече Ангеловска. 

February 17, 2020 12:55
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Реализацијата на капиталните инвестиции во 2019 година е во рамките на просекот во изминатите 10 години или нешто над просекот, а јавниот долг е стабилизиран, оцени денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Реализацијата на капиталните инвестиции за минатата година беше објавена и изнесува 78 проценти, но таму не се вклучени големите капитални проекти што се реализираат преку ЈПДП, кое имаше одлична реализација од над 85 проценти. Што значи, дека можеме да кажеме оти имаме над 80 проценти реализација на капиталните инвестиции што е во рамки или нешто над просекот во изминатите 10 години, рече Ангеловска во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на корзото во Општина Ѓорче Петров.

За јавниот долг оцени дека се стабилизрал во последните две години и додаде дека задолжувањето се користи за редовно финансирање на буџетскиот дефицит и за отплата на старите долгови.

-Јавниот долг за 2019 година согласно фискалната стратегија, прво се предвидуваше да заврши на 51,7, потоа ревидиравме и кажавме дека треба да очекуваме да заврши на 50,4, а годината ја завршивме на 48,9. Ако ја погледнеме кривата на долгот ќе видиме дека се работи за значајна стабилизација на јавниот долг во последните две години. Се работи за редовно финансирање на буџетскиот дефицит и отплата на старите долгови кои оваа година изнесуваат 440 милиони евра, посочи Ангеловска.

Прашана зошто не се исплатени платите во образованието и градинките, Ангеловска посочи дека не и познато дали е пристигнат налог за исплата до трезорот и дали е реализиран.

-Реализацијата на приходната страна и на расходната страна на Буџетот за јануари е одлична, има одлична наплата на приходите и реализација на расходите согласно планот и проекцијата. Буџетот е ликвиден, се тече непречено и сите барања кои се процесуираат од институциите до трезорот се реализирани. Но, не ми е познато дали е пристигнат налог до трезорот за исплата на платите во образованието и градинките и дали е реализиран, бидејќи се се процесуира во најбрзи можни рокови, рече Ангеловска.

Next Post

Во три округа од Англија издадени серија предупредувања за голема опасност од поплави

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk