Десетици илјади луѓе во северозападниот дел на Индија се сместени во специјални кампови што ги поставија властите во државата Асам, откако поројните монсунски дождови ги поплавија селата во регионот, а оваа недела едно лице го загуби животот.
Во Асам е објавено највисоко ниво на тревога, а локалните власти се подготвуваат за нови дождови овој викенд со евакуација на жителите на пониските региони.
Во моментов во 83 кампови се сместени околу 14.000 луѓе. Околу половина милион луѓе се погодени од монсунските дождови во Асам.
Низ територијата на државата поминува реката Брамапутра, една од најголемите во Азија, а регионот секоја година е поплавен по нејзиното излевање.
Поројните дождови предизвикаа и лизгање на земјиштето во соседните држави Сиким и Мегалаја.
Минатата година, десетици луѓе во Индија и Бангладеш го загубија животот во сезонските поплави, а милиони останаа без покрив над главата.
Годишните монсунски дождови го зафаќаат регионот меѓу јуни и септември.