ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Еманципација значи смртен грев, болест и перверзија

June 27, 2023 09:51
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Да беше толку лошо во Средниот Век, тој немаше да трае илјада години. Не разбирам како може овие „модерниве“ да се бунат против сите длабоко промислени пораки и укажувања на МПЦ, на која, во духот на верската толеранција и соживот, се придружи и ИВЗ. Имено, тие се во право кога велат дека Бог ги создал мажот и жената и дека само тие родови постојат. И само заедница меѓу мажот и жената се возможни.

Сè друго е бес, ѓаволска работа и смртен грев.

Народот мора да разбере дека Црквата веќе направи големи отстапки со тоа што подзамижува пред ужасно големиот број разводи, па и на неверствата во бракот, под услов да има искрено и финансиско покајување.

Не може, драги мои чеда, да се оди понатаму и подлабоко во мрачните длабочини на пеколниот грев!

Не може и не смее да се допушти, како што тоа го направија Католичката црква и протестантите, па дозволија разно разни работи. Та не е бадијала називот православна (ортодоксна) црква.

Меѓуверска почит и хармонија

Голема среќа е што и муслиманите, претставени преку ИВЗ, ја разбираат ортодоксната мисла, па и тие имаат слични, односно исти размислувања за големите гревови што се прават во последно време.

Власта, заслепена од лажниот сјај на западните општества, во чекор го следат нивното богохулие и болна заслепеност со родовата еманципација, што е само убавиот назив за смртниот грев, болеста и перверзијата во светот.

Да повториме, местото на мажот и на жената во светот се определени со божествена математичка прецизност. Мажот владее и оплодува, жената слуша и раѓа. Што има толку тешко да се разбере оваа едноставна и исто толку мудра поделба во светот што ја осмислил божествениот ум?

Св. Августин: Слабоста на женската природа

Треба да се запомни едно: Бог не е само во Црквата или кај нивните колеги во Џамијата. Тој е насекаде. Сечија душа е заведена во небесните матични книги, а нивна сенка се овоземните матични книги. Тоа им дава право на МПЦ и ИВЗ да се побунат против валкање на матичните книги со податоци што се плод на дејствувањето на ѓаволот.

Затоа, народот ќе стане против овие грешници во власта, како и во ѓаволските творби како што се невладините организации и некои таму „прогресивни интелектуалци и медиуми“ и, чувај-нè-Господи-Боже, од безбожничкиот Цивил!

Свети Августин, кого предавничките католици и протестанти го изневеруваат од Просветителството наваму, вдахновен од Божјата Мисла, мудро напиша: „Жената е подложна на мажот поради слабоста на нејзината природа“.

Мажите се глави на домаќинството, тие се власт и носители на одлуките. Тоа е природен поредок.

Улогите на мажот и жената се одредени од Бога

Од жените се очекува да раѓаат и воспитуваат деца и да се грижат за домашните работи во куќата. Мајката е подредена на таткото – главата на семејството, како што мажот му е подреден на Бога. Така рекол Бог. Ние мора да се покориме на тоа.

Ќе прашате, што да прават оние што немале среќа да засноваат семејство, според Божјата Промисла. И за тоа има одговор. Манастирите нудат алтернатива за семејниот живот и САМО во овој случај тоа може да се смета за можност да се постигне целосна еднаквост меѓу мажите и жените. Бидејќи, кога жената целосно се предава на молитвата, ги надминува своите недостатоци и му се приближува на Бога, речиси исто толку блиску колку и мажот.

Отстапувањето од овој природен поредок заслужува најсурова казна, како од Бога, така и од земната правда. Казната е смрт.

Земјата е рамна плоча!

И да: Земјата е рамна плоча! Кој не верува во тоа, ќе гори во пеколот, заедно со оние што не веруваат во природниот поредок и улогата на мажот и жената во светот.

Можеби треба да се размисли за изградба на клада веднаш до споменикот на Александар Македонски и таму да се запалат сите неверници и поклоници на ѓаволот. И сите членови на ЦИВИЛ и редакциите под контрола на атеистот Џабир Дерала, против кого мудро се произнесе и овоземниот скопски граѓански суд во спорот со божествениот Христијан Мицкоски.

И Сорос и Бајден да се донесат од клетата Америка и да се запалат на плоштадот Македонија. Во духот на соработката и толеранцијата кон Западот, ќе му дозволиме огнот да го запали Доналд Трамп. И така, ќе живееме во природен поредок, во склад со Бога.

*

Вака отприлика изгледа начинот на размислување на стадото предводено од прекумерно богатите верски лидери. Нема ништо нормално и ништо природно во овој начин на размислување. Тоа е ужасен, подмолен и злосторнички напад на сè што е човечко.

Предолго трае узурпацијата на јавниот простор и јавните комуникации од верските заедници. Цели генерации пораснаа во верска затапеност и омраза кон „другите“. Ете, тоа е пеколот на земјата. Верата треба да ја вратиме таму каде што ѝ е местото. Таа да остане во верските објекти и во приватните животи на луѓето. Одговорни интелектуалки и интелектуалци, одговорни медиуми и институции мораат да им застанат на патот на овие бесмислени и деструктивни скокови наназад во вековите.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Градска.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ИВЗМПЦЏабир Дерала
Next Post

Петар Панов го освои третиот турнир од снукер првенството

НАЈНОВО

Тројца Германци приведени во Норвешка поради лет со дрон во забранета зона

October 3, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Занаетчиите ќе имаат свој претставник во кабинетот на градоначалникот на Скопје

October 3, 2025

Македонски граѓанин најверојатно е загинатиот во експлозија во стан во Белград, објавија српски медиуми

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk