ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

АЕТМ: Странските иматели на платежни картички за купување од македонски е-трговци лани потрошиле 21.76 милиони евра

June 30, 2023 13:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Странските иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2022 година потрошиле 21.76 милиони евра, што во однос на претходната година претставува пораст од скоро 33 отсто. А во однос на 2016 година, вредноста на е-трансакциите од странство кон македонски е-продавници се зголемила за над 10 пати, додека бројот за речиси 19 пати, покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, повикувајќи се на податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија.

– Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 618,932 трансакции или просечно потрошиле 35.2 евра по трансакција. Направената анализа за движењето на бројот и вредноста на направените онлајн трансакции од странци кон домашни е-трговци од 2016 година до 2022 година покажува дека има значаен пораст. Ако во 2016 година странците потрошиле онлајн кон македонските е-трговци само два милиони евра во 32.9 илјади трансакции, во 2022 вредноста е зголемена за над 10 пати, додека бројот на трансакциите за скоро 19 пати. Што се однесува до учеството на странците во вкупно остварената вредност на онлајн трансакциите и кон дома и кон странство од домашни и странски платежни картички тоа се зголемува од 2.2 отсто во 2016 на речиси 4 проценти во 2022 година, велат од АЕТМ.

Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци, 49 отсто припаѓаат на иматели на платежни картички од осум земји.

– Од иматели на платежни картички издадени во САД, потрошени се 3.6 милиони евра или 17 отсто од вредноста на трансакциите. Потоа 2.2 милиони евра или 10 отсто од Обединетото кралство и 1.7 милиони евра или 8 проценти од Швајцарија. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 4 отсто, Бугарија и Турција 3 проценти, и Шведска и Косово 2 отсто од вредноста на онлајн трансакциите, известуваат од АЕТМ.

Понатамошната анализа на АЕТМ на бројот и вредноста на направените трансакции од странство кон македонските е-трговци е направена подетално за земјите кои остваруваат 49 отсто од вкупно направената вредност. Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2022 година во однос на претходната година е остварен од Швајцарија, додека највисока просечна трансакција е направена од Косово.

– Е-трговијата овозможува купување на производи и услуги од кој било крај на светот. Од анализата се гледа дека најмногу онлајн трансакции направени од странски иматели на платежни картички како по број така и по вредност се направени од земји каде што има македонски иселеници или од соседните земји. Тоа нè упатува на претпоставка која е основа за понатамошно истражување дека нашите иселеници се повеќе го користат овој канал за купување на производи и услуги на своите блиски од македонските е-продавници. Очекувањата се и понатаму да продолжи растот на вредноста и бројот на реализирани онлајн трансакции од странство односно најмногу од Македонци иматели на странски платежни картички кон македонски е-трговци. Секој пораст на е-трансакциите е важен за развојот на македонската е-трговија, вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија Нина Ангеловска.

Tags: АЕТМплатежни картички
Next Post

Дачиќ: Норвешка донесе одлука да ја затвори амбасадата во Приштина, со Израел ќе се ресетираат односите

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk