ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Малата Нина „девојчето со крофните“ од Нови Сад ја доби сликата од Зоран Кардула

July 2, 2023 15:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Нина со постерот од Зоран Кардула. Фото: фејсбук профил на Кардула

Нина со постерот од Зоран Кардула. Фото: фејсбук профил на Кардула

Мисијата што уметникот, графички дизајнер и хуманист Зоран Кардула ја започна пред неколку дена, е исполнета. Малата Нина од Нови Сад го доби постерот. Кардула им се заблагодарува на сите што помогнале.

„Нина си ја доби сликата, благодарност до Александар Јовановиќ фотографот чија фотографија беше основа за овај постер, благодарност до Зоран Доневски Талични и Фондацдијата „Tate Novosađani“ за целиот ангажман околу печатењето и организацијата и благодарност до сите кои помогнавте во напорот и желбата на малата Нина да собере пари за лекување на нејзиниот татко, објави на Фејсбук уметникот Зоран Кардула.

Македонскиот графички дизајнер и сликар Зоран Кардула пред три дена изработи постер со кој и оддава признание на малата Нина Нинковиќ од Нови Сад, која продаваше крофни во Нови Сад за да собере пари за лекување на својот татко. Малата Нина ги обедини граѓаните на Нови Сад и Србија, кои деновиве во редици чекаа за да купат крофни. Со парите што таа ги собра од продажбата нејзиниот татко треба да замине на преглед за лекување во Москва.

„Нина девојчето со крофните“ морав да и направам постер како благодарност за нејзината љубов и борба да собере пари за лекување на својот татко – би сакал некој од Нови Сад да ми пише за да му ја пратам припремата и ако е во можност да го испринта постерот за да и го поклони на Нина. Успеав и да најдам кој е фотографот чија основа ми беше за овој постер тоа е одличниот“, напиша пред неколку дена Кардула.

Веќе наредниот ден следеше одговор од Фондацијата „Tate Novosađani“:

„Нашата драга Нина Нинковиќ викендов ќе го добие ова прекрасно дело на светски познатиот уметник Зоран Кардула. Ви благодариме за прекрасниот постер, изработен е на платно со заштита над него, како што заслужува Нина за борбата да го излечи нејзиниот татко. Во недела се дружиме од 10 до 12 часот во Његошева 10 во чест на Нина. Со секое кафе добивате крофна. Сите пари од забавата веднаш ќе и бидат предадени на мајката на Нина, за дополнителни трошоци поврзани со патувањето во странство.“, објавија од Фондацдијата „Tate Novosađani“

Овој гест на нашиот врвен уметник и хуманист Зоран Кардула силно одекна не само во медиумите во Македонија и Србија, туку и пошироко во регионот.

Ј. Ѓ.

 

 

 

Tags: „девојчето со крофните“Зоран КардулаНина НинковиќНови Сад
Next Post
Љупчо Николовски

Средба Николовски - Мамадов: Го пренесуваме нашето позитивно искуство во процесот за консолидација на земјоделското земјиште

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Напредува процесот на трасформација на работниот однос на вработените во училиштата, ќе се продолжи по изборите

September 1, 2025

Шукова: Визијата за Скопје започнува со современи, безбедни училишта за децата и поддршка за наставниците

September 1, 2025

Нови цени на горивата

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk