ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК се надева на одлука за преговори со Скопје и Тирана пред мајскиот Самит во Загреб

-Комисијата останува на својата препорака да се отворат преговорите што е можно поскоро, бидејќи двете земји овие земји го направија она што беше побарано од нив и продолжија со реформите, рече Писонеро запрашана во врска со усвојувањето на законот за јавното обвинителство во Северна Македонија.

February 18, 2020 09:48
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија го повтори ставот дека разговорите со Северна Македонија и Албанија треба да започнат што е можно поскоро со оглед дека ги исполнија условите за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Брисел се надева дека овој чекор може да се случи пред Самитот на ЕУ и Западен Балкан, во мај, во Загреб.

Портпаролот на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, Ана Писонеро, вчера истакна дека Комисијата смета дека двете земји ги исполнуваат критериумите за отпочнување на разговорите, кои беа блокрани од неколку европски земји предводени од Париз.

-Комисијата останува на својата препорака да се отворат преговорите што е можно поскоро, бидејќи двете земји овие земји го направија она што беше побарано од нив и продолжија со реформите, рече Писонеро запрашана во врска со усвојувањето на законот за јавното обвинителство во Северна Македонија.

-Ние сме подготвени. Се надеваме дека тоа може да се случи пред самитот во Загреб, но не може да предвидиме како ќе се однесуваат земјите-членки, додаде Писонеро запрашана дали Франција ќе го подигне ветото за почеток на преговорите со двете земји.

На неформалниот состанок на ЕУ со лидерите од Западен Балкан во неделата, претседателката на ЕК Урсула фон Дер Лејен подвлече дека интерес на ЕУ е да ги донесе овие две земји што е можно поблиску до себе, оценувајќи го тоа како „приоритет на Комисијата“.

Таа изрази желба да се постави основа за почеток на преговорите „ако е можно“ пред Загребскиот самит, додека се чека на ревидираната методологија која треба да го направи процесот појасен.

Брисел ја претстави новата методологија на почектокот од февруари, со која им се дава поголема улога на 27-те земји членки да го вратат на почеток процесот на преговори ако државата кандидат не напредува во реформите за членство во Унијата. На овој начин Комисијата сака да ги вклучи земјите членки во процесот на пристапување преку годишни лидерски самити кои ќе вршат преглед на статусот на преговорите и ќе ангажираат експерти од членките во дадени полиња. На земјите кандидати, пак, новата методологија треба да им овозможи поголеми бенефиции во форма на инвестиции.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека ако резултатите од извештаите на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија се позитивни, тој ќе поддржи почеток на преговори со овие земји за влез во ЕУ.

Извештајот за напредокот на Северна Македонија и Албанија се очекува од 2 до 4 март, а идејата е Европската комисија да излезе со него кога сите земји-членки ќе бидат позитивни за давање зелено светло за датум за почеток на преговори со Унијата, потврдија за МИА дипломатски извори од Брисел. Извештајот треба да биде усвоен на состанокот на еврокомесарите, кои имаат средба в среда на 4 март.

Next Post

Шкријељ: На лицата без лични документи законски им обезбедуваме права како на сите други граѓани, ќе добијат прв извод

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

Украина испрати специјални сили да ги протераат Русите од Покровск

November 1, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk