Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ денеска изјави дека бара разрешување на Денис Беќировиќ, бошњачки член на Претседателството на БиХ.
– Барам смена на Денис Беќировиќ и навистина мислам дека претера. Поведувам иницијатива за смена на Беќировиќ. Кој е тој да бара смена на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, истакна Вишковиќ.
Тој додаде дека Беќировиќ „не го избрал Додик, па не може да го замени“.
Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Беќировиќ, вчера во разговор со британскиот министер за надворешни работи и развој Џејмс Кливли во Лондон оцени дека Додик треба да биде сменет пред да предизвика дестабилизација на БиХ и на регионот.
Беќировиќ нагласи дека „подобро е да се смени Додик отколку да се дозволи неговата политика егзистенцијално да ги загрозува граѓаните и народите на БиХ.