ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Предложен притвор за осомничен за тешка кражба во скопски хотел

July 11, 2023 09:21
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за „тешка кражба“ во скопски хотел.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп, но побегнал и од 5 јули по него била распишана потерница.

-Периодот додека бил на слобода го искористил да стори ново кривично дело, па на 8 јули во вечерните часови влегол во службени простории на хотел во Скопје и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои, се наведува во соопштението.

Од хотелот, како што се посочува во соопштението, тој успеал да украде метален сеф заклучен со шифра, а во кој имало парични средства во износ од околу 1400 евра, како и клучеви од хотелот, неколку сим картички како и пет патни исправи на гости сместени во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети се проценува на околу 100.000 денари.

-Потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до службениот паркинг, му пристапиле членови на обезбедувањето на  хотелот. Осомничениот со спреј за самоодбрана ги испрскал во очите и веднаш почнал да бега, влегувајќи во такси возило. Возилото било пријавено и сопрено од полициски службеници кај Градежен факултет Скопје, по што пријавениот бил лишен од слобода, информираат од Јавното обвинителство.

Во конкретниот случај според јавниот обвинител постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје тој доставил предлог за определување мерка притвор.

Tags: кражбаОЈОхотел
Next Post

(ВИДЕО) Петровиќ: Ова е една посебна приказна за Охрид и Охридското езеро, приказна со душа

НАЈНОВО

Анаис хороскоп

Викенд хороскоп со Анаис – 22 и 23 ноември

November 22, 2025

Големи промени за Евровизија 2026: Построг кодекс за учесниците, жири и во полуфинале

November 22, 2025

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката Веапоска

November 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Дуа Липа снимена во бикини покрај базен во Рио де Жанеиро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Која е Фатима Бош, новата Мис Универзум што ја разниша сцената?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Персоналот на Меган Маркл мора да ја најавува со целата титула кога влегува во просторија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обилни дождови ја погодија Грција: Поплави и големи штети на Крф и во Јанина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка над Балканот, Северна Македонија меѓу првите цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk