На 18 февруари 1950 година беше одиграна првата претстава во приелпскиот театар „Кир Јања“.
Ова е видео времеплов од претставите кои го одбележаа 70 годишното постоење на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.
„Денеска, 18-те актери од театарот „Војдан Чернодрински“ сочинуваат тим кој во моментов претставува врв во македонското глумиште.“, истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јовоаноски.
„Од сите уметности само театарот е директен посредник со културата. Театарот потребно ни е да биде различен, а нашиот театар низ децениите беше различен. Горди сме што тука праизведби доживеале текстови од македонски драмски автори: Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески Платнар, Трајче крстески, Василе Димески, Петар Петрески. Од 2004 театарот работи во рамките на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Сега има интенција да биде посебен правен субјект, што е и желба на актерите, а другата желба на ансамблот да игра на нова сцена. Верувам дека тоа ќе се случи. Дотогаш им посакувам успех на „штиците што живот значат“, рече Рубинчо Белчески директорот на НУЦК „Марко Цепенков“.
Прилепската гордост! Фалбата прилепска – Театарот за кој е издржан секој еден употребен суперлатив и епитет. Ансамблот кој заслужува нов Театар и посебен правен статус. Да е за многу години јубилејот!
Ј. Ѓ.