Индиската вселенска агенција денеска го лансираше вселенското летало Чандрајан-3 на Месечината. Телевизиските снимки покажуваат како ракетата полетала од космодромот во јужната држава Андра Прадеш, оставајќи зад себе облак од чад и оган.
На леталото ќе му бидат потребни меѓу 15 и 20 дена да влезе во орбитата на Месечината, а тогаш научниците ќе почнат да ја успоруваат ракетата за да обезбедат безбедно слетување.
Се очекува Чандрајан-3 да слета на Месечината меѓу 23 и 24 август, а планирано е вселенското летало да биде првото што ќе го истражува јужниот пол на овој сателит на Земјата.