ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преку заедничка работа до заштита и превенција од родово базирано насилство

July 17, 2023 13:21
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска, заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит и Шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља го отворија настанот „Има помош за живот без насилство – Инвестирање во родовата еднаквост денес е инвестиција во заедничката иднина„. Настанот беше организиран од страна на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Скопје, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на Британската Амбасада во Скопје. Целта на настанот е споделување на достигнувањата на заедничката работа во областа на заштитата и превенцијата од родово базирано и семејно насилство како дел од проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија”.

„Министерството за труд и социјална политика посветено работи на унапредувањето на системот за справување со родово базираното насилство врз жените и семејното насилство. Во тој контекст се подготвија подзаконски акти кои  се однесуваат на итните и привремени мерки за постапување и подзаконски акти со што ќе се обезбеди сеопфатен пристап, координиран мултидисциплинарен одговор како и систем за градење на капацитетите на професионалците, интегрирано собирање на податоци како и реинтеграција на жртвите на родовото базирано насилство врз жените и семејното насилство, во согласност со меѓународните стандарди” истакна Тренчевска во нејзиното излагање.

Министерката посочи дека Република Северна Македонија е една од првите земји кои ја потпишуваат Истанбулската конвенција што значително придонесува кон унапредување на прашањето за насилството врз жените и семејното насилство.

„Цврсто сум убедена дека ИМА ПОМОШ ЗА ЖИВОТ БЕЗ НАСИЛСТВО, како што кажува и темата околу која се собравме денеска во обединет фронт, вооружени со решителност и верба дека промените не само што се нужни, туку и можни. Емпатијата, солидарноста, непоколебливоста се само дел од арсеналот во борбата против родово-базираното насилство. Нашата цел не е само да обезбедиме привремен одмор од насилството, туку да изградиме иднина каде насилството е незамислив концепт. Тоа бара заеднички напори на институциите, граѓанското општество, приватниот сектор и поединци како секој од нас. Наша обврска е да создадеме услови во кои жртвите се заштитени, а сторителите повикани на одговорност. Превенцијата мора да стане основен дел од  колективната свест” рече сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска.

Џулија Смит истакна дека жените и девојките ја сочинуваат половина од светската популација и исто така половина од потенцијалот на населението. Таа истакна дека сепак, родовата нееднаквост опстојува и го стагнира напредокот во многу земји, вклучително и Северна Македонија.

„Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права на нашето време. Вкоренети во родовата нееднаквост, насилството врз жените и девојчињата ги загрозува животите и благосостојбата на девојките и жените и ги спречува да пристапат до можности кои се основни и за слободата и за развојот: образование, здравство, работни места ” посочи заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит.

„Светскиот ден на населението е потсетник дека во свет на 8 милијарди луѓе можеме да постигнеме просперитетна, мирна и одржлива иднина за секого. На овој ден ги заживуваме разговорите и напорите за зајакнување на жените и девојките за еднакви права и избор во свет од 8 милијарди.

Унапредувањето на родовата еднаквост бара да ги слушаме гласовите на жените, девојките и другите маргинализирани луѓе за да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат во остварувањето на нивните соништа и потенцијал. ” рече Шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља.

На настанот беа презентирани: Протоколот за меѓусебна соработка на надлежни субјекти за преземање мерки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, системот за управување со информации за родово базирано насилство, анализата на СОС линиите за помош за жртви на родово базирано насилство во Северна Македонија и Етичкото известување за родово-базираното насилство во Северна Македонија. Воедно со настанот се одбележа Светскиот ден на населението.

Tags: МТСПродово базирано насилство
Next Post

Забрана за вршење дејност на 30 работодавачи поради непочитување на мерките за топлото време

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk