ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Pinky in the Daylight

July 17, 2023 14:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Седам на јулското сонце, гледам во отвореното море, пијам кафе, разговарам за работите кои ме мачат со келнерот од локалното кафуле, чувствувам како двајцата да немаме сила за да собереме воздух. Свесно се впуштам во таква опасност, затоа што знам дека само тогаш најекстремно живееме, знам дека на врвот на очајот најпотполно го чувствуваме животот – страдаме, значи постоиме. Па сепак, не остануваме смирени кога девојка пред нашите очи паѓа од скутер и го растура своето тело од камениот постамент.

Луѓето се така направени: ако пред тој призор останете рамнодушни, сигурно ќе ви ропне некој преку нос дека сте нехумани. Токму како што се подразбира дека, во истиот момент, уште некоја девојка паѓа од скутер и со го дроби своето тело. Да речеме од Кинескиот Ѕид, претпоставувам дека тамо секојдневно луѓе паѓаат.

Или да речеме путиновата Русија: нема ден, а да не прочитаме дека некој пиејќи кафе летнал од некој облакодер. Ама сѐ тоа се случува пред нашите очи, па оттука се смета дека е в ред да се биде рамнодушен кога очигледно смртно празноглава девојка паѓа пред нашите очи, велам паѓа и го растура своето тело. Сосема е сеедно да се спомене дека би ми било сеедно ако паднеше од скутер било каде на планетата земја.

Таква е вистината – празноглава и површна, природно човечко сочувство.

Знаеме дека во ретки случаеви граѓаните прават нешто достоинствено. Посебно кога се случува некоја пиздарија низ морската шир. Незаситните туристи решаваат да ја игнорираат опасноста. Најхрабрите меѓу нив се решаваат да отпливаат до длабочините на морската шир, таму кај што струите се најсилни и кај што се судираат таласите. Од таму не можат ниту напред ниту назад. Највештите пливачи успеваат некое време да се задржат на површина. Мнозинството веднаш тоне.

Луѓето во таква ситуација се збираат на пристаништето и ги набљудуваат давениците. Така накратко им се удоволува на гостите-туристи. На давениците им се довикуваат погрдни зборови, со прст се покажува на црвените знаменца кои симболизираат опасност. Обично, меѓутоа, се наоѓа некој со меко срце, рипа во вода на давеникот да му помогне. Непишано правило гласи дека се спасува само првиот давеник. Останатите ќе бидат оставени да се удават како жртви на сопствената глупост и алчност за сонце и море. Ритуалот на набљудување на давеникот е всушност тивка освета кон туризмот. Локалното население уште сега е сито од валканите туристи кои непрекинато досадуваат со нови и нови бесмислени побарувања. Затоа е уживање кога ги гледаш како ги голта немирното море.

Да не зборуваме за тоа дека фамилиите на потопените, најчесто, го прекинуваат летувањето и се враќаат во своите градови за да ги закопаат мртвите. Киријата за собата се зема од напред, без можност за враќање на парите. Оттука, сопственикот уште другиот ден може да ја издаде собата на давеникот. И се надева дека новиот гостин ќе се потопи, без разлика што тоа ретко се случува.

Сите сопственици на апартмани ќе направат сѐ само за да го заштитат својот имот. Тоа е така затоа што многу добро знаат која е вистинската вредност на парите: знаат дека важноста на парите никогаш не може да ја прецените. Оттука, на апартманите покрај морињата нема нешто кое нема да биде решено благодарение на доларите и еврата. Оваа особина е карактеристична за секое место кое покрај себе го заплиснува море. Трговците на грчките пазари ќе се навредат ако купите производ без ценкање. Ако одбиете да се ценкате покажувате непристојност кон работата со која се занимаваат, го навредувате гостопримливиот домаќин кој беше спремен дваесет минути да се натегнува со вас околу неколку безначајни евра.

Парите се железна слобода, се повикува на Достоевски локалниот тезгаџија Миконо, тогаш кога проценува дека кафанското заебавање и исмејување на негова сметка ја преминува секоја пристојност. Лежерно потпрен на шанкот, го набљудувам светот што ме опкружува, лажно оставам впечаток дека ја контролирам ситуацијата.

„Уште едно виски“?

„Може“, велам, и ја вртам глава за да го погледам уште еднаш камениот постамен на кој се акна од скутер младата девојка.

Немаше повеќе гужва преполна со луѓе, го немаше ниту амбулантното возило. Местото на несреќата беше исчистено како солза.

Зошто дојдов на море? Не знам, што ќе признаете дека е глупав одговор. Ама барем ќе ме чува од натамошни незгодни прашања. Мислам дека секој човек треба да има пари за летување на море и скијање на зима. Последен пат бев на море пред четири години. Оттогаш, не сум бил; не фати корона, па после корона имавме некои домашни трошоци и немавме пари за на море. Се сеќавам дека некој човек ми рече дека не сум доволно амбициозен и дека во староста ќе жалам за работите кои сега ги пропуштам. Добро, да речеме дека е во право. Ама имам и контра аргумент на тоа: во младоста по правило пропуштаме да умреме – мислите ли дека староста ќе донесе каење заради тоа?

Никогаш не сум работел или одлучувал со калкулации: секаде одев кај што срцето ме носи. Додека ми се врткаат овие мисли низ главата, гледам луѓе кои се движат горе-долу; ги гледам тие намачени лица исцрпени од долгото топло жешко лето; аскетски лица на кои се држат исушени физиономии. Чекорејќи низ апокалиптичниот пејзаж, уште замислувам дека во воздухот смрди на човечко месо кое доаѓа од апартманите кај што се, во тој момент, како урбанистички пекол, илјадници очајници што се печат на оган издишувајќи од својата потреба да живеат во градови.

Само слушалките и Јутјуб-премиум ми помага да не мислам на одлуките кои ме чекаат тогаш кога ќе се вратам дома. Само слушалките, велам, ме штитат од летното туристичко лудило. Чекорам на вжештениот асфалт додека во ушите ми одѕвонува мојот Tindersticks  со  „Pinky in the Daylight“. Реалноста ми делува час чудовишно, час ужаснувачки како самиот Инферно. Субјектот буквално се раствора во испарувањата кои лебдат над асфалтот. Само со краен напор на волја, долги и мачни рационализации, успевате да го потврдите вашето постоење. Имате чувство како вашиот субјект, истопен под сонцето и растечен во грчката провинција, конечно се шири и собира.

Ако, дај боже, наместо Tanderstiks, музиката се префрли повторно на, да речеме, уште еден Tandersticks со „My obnlivion“, тогаш ќе знам дека тоа нема да биде музика. Ќе биде тоа мал, тривијален и брилијантен начин повторно да бидам спасен од заразниот допир на светот.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline

Next Post

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk