ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Костадиновска-Стојчевска: Секојдневно да ја поттикнуваме љубовта на децата кон книгата

July 18, 2023 14:47
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во посета на градинката „Детска радост“ – објект „Сончоглед“ во Автокоманда, Општина Гази Баба, беше министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, каде што заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, им читаа сликовници на дечињата, а потоа поразговараа со нив.

− Детската библиотека во градинката ја збогативме со нови сликовници кои се поддржани од Министерството за култура. Децата се иднината на светот, тие се полни со знаење, креативност, фантазија. Тие се љубопитни чисти души кои сакаат да откриваат нови светови, а книгите се најголемото богатство. Чувме мудри, искрени одговори од дечињата, кои споделија со нас зошто сакаат приказни, кој најмногу сакаат да им чита, која е нашата азбука, како се вика нашиот јазик и друго − истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа, меѓу другото, кажа дека знаеме дека нема дете коешто не сака сликовница, а денеска заедно уживаме во сликовниците од македонски автори, кои со својата креативност и иновативност се вистински ремек-дела.

− Пред 10 години издавачите се жалеа дека е загрижувачки мал бројот на наши автори на сликовници и воопшто на книги за деца и млади и дека затоа се принудени да преведуваат странски автори или да препечатуваат стари изданија само колку да има наши автори. Таа слабост ја увиде и Министерството за култура и, за среќа, во последниве три години состојбата се менува. Во меѓувреме се појавија и нови генерации, кои со својот талент и страст целосно се посветија на оживување на овој битен сегмент од литературата. Имаме прекрасни умни писатели за деца, имаме уште поумни дечиња. Тоа е комбинација за чиста петка, која со цело срце ја заслужува нашата поддршка − додаде Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека имаме сериозна задача и заедничка одговорност, пред сѐ, како што нагласи министерката за култура, да создадеме услови за читање, да развиеме култура на читање, секојдневно да ја поттикнуваме љубовта на децата кон книгата и да им го вкорениме ставот дека без разлика на сите нови модерни алатки, незаменливо е чувството кога држите книга в рака.

Tags: децакнигиКостадиновска Стојчевска
Next Post

Вајмарската тројка во Собранието: Уставните измени се единствен предуслов за отворање на преговарачките поглавја

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk