ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Ефикасното управување со јавните финансии го намалува просторот за злоупотреби и корупција

July 19, 2023 12:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ефикасното управување со јавните финансии и доброто владеење воопшто, значи што посоодветно и што поправично исполнување на општествените приоритети со ресурсите кои нѝ се на располагање, а кои не се неограничени. Доброто управување значи грижа за стабилноста, за градењефикасни институции кои го исполнуваат интересот на граѓаните и создавање услови за социо-економска еднаквост и напредок. Секое управување кое во себе ја нема оваа мисија, остава поголем простор за корупција”, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на првата сесија на работната група за антикорупција, формирана во рамки на проектот „Национална конвенција за Европска Унија – Кластер 1″.

Вицепремиерката Грковска посочи дека справувањето со корупцијата и заштитата на финансиските интереси на државата се меѓу клучните теми од интерес за сите граѓани и го истакна значењето на граѓанскиот сектор, кој преку демократска дебата и експертиза придонесува во реформските процеси.

„Штитејќи ги финансиските интереси на државата, ги штитиме интересите на граѓаните, на нивните средства. Затоа е исклучително важно постојано да се зголемува финансиската контрола и одговорност, со инкорпорирање на европската регулатива и практики и со понатамошно јакнење на транспарентноста на јавните финансии”, изјави Грковска, дополнувајќи дека на полето на транспарентоста изминативе години Владата направи значаен исчекор напред и продолжува во насока на градење култура на активна транспарентност во нашите институции.

Ефикасното управување со јавните финансии, нагласи таа, само по себе е еден од најсилните механизми за спречување на корупција и тоа треба да се има предвид во сите напори за елиминирање на негативните и штетни појави во општеството.

„Факт е дека оваа појава е позастапена во помалку развиените земји, а и дека најмногу им штети на најсиромашните. И тој круг е обрачот кој ги заробува можностите за развој. И понекогаш се чини дека е невозможно да се скрши. Но не е така, бидејќи ако проблемот е во системските слабости, во недостигот на транспарентност и отчетност, и самите решенија на проблемите се наоѓаат на истото место. Сепак, комплексноста на корупцијата, значи дека за справување со овој феномен мора да има волја и напори на сите нивоа и гранки на системот”, оцени вицепремиерката Грковска.

Сесијата се одржа во Клубот на пратеници, во организација на Европското движење на Северна Македонија, кое преку експертски и отворен дијалог континуирано придонесува за прашања поврзани со пристапните преговори за членство во Европската Унија и помага тие да се обликуваат согласно со поширокиот јавен интерес. Во оваа сесија учествуваше и гувернерот на Народната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, Шенај Хаџимустафа, професорка на ЈИЕ, Александар Кржаловски и Снежана Камиловска Трпевска од МЦМС, претседателката на Европското движење во Република Северна Македонија, Милева Ѓуровска и Виктор Митевски од Здружението за истражување и анализи-ЗМАИ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрковскаЈавни финансиикорупција
Next Post

Прифатени сите барања на посекторската група за жито, домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп упати ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk